2win800x200

Меѓу двте светски војни, грчката влада, старите области од југ до север ги прекри со национални костими. Порано костимите беа како во горните битолски села. Од Арменско (Леринско) на север кон Буково, Битолско, имаа иста носија. Ние во Грција не ги нарекувавме горни битолски села, туку планински села зашто се на Пелистер, рече Јанис Константину, едукатор, учител и истражител на традиционални танци од Грција во своето предавање на фестивалот „Илинденски денови“ во Битола. Тој имаше половина час изглагање за традиционалните ора, носија и музика во неговото родно село Арменско според сегашната грчка топонимија Алона. 

„По Илинденското востание, Турците запалија многу села околу Пелистер и Вичо Планина. Едно од нив беше и моето село Арменско. Тоа е старото име, а од 1928 година кога грчката влада ги смени сите тополними на селата и градовите, тоа стана Алона“, рече Константину.

Тој во рамки на Семинатот за традиционална музика и игра на „Илинденски денови“ истакна дека  идентитетот на неговото село беше сочувано во костимите, игрите и  музиката. Презентираше  фотографии на кои можеа да се видат како народните собири се правеле со традиционалните македонски музички интструмети кавал и гајда, за кои и предавачот рече дека биле многу чести. Посочи дека по Првата светска војна почнаа да се менуваат музичките инструменти, како и облеката и играта.

„Арменско е  значајно поради традицијата на семејните ора. Имаше семејства кои користеа свои чекори, не се позајмуваа од друго село.  Тоа ја направи Алона важна во стариот регион  бидејќи имаа семејни ора, тој феномен го немаше во другите села“, рече Константину.

Но, и покрај сите промени, врската останала.

„Во 1968 година орото го викавме ‘Старско опуштено’, познато е многу добро во овие планински места на Пелистер, Вичо и Преспа, но во Алона имаме специјален начин на игра за него, истиот ритам тука се нарекува Беранче, но има поинакви чекори“, рече предавачот.

 Таткото на Константину бил партизан, учесник во Граѓанската војна во Грција, кој потоа преминал во Југославија, работел во Скопје и играл во „Танец“. Во педесетите години од минатиот век било тешко да се вратиш од Југославија во Грција, но тој успеал со народната игра. Прво учествувал во танчерски игри и театри во Атина, а потоа се вратил  во Арменско каде организирал играорна група со челнови од  Арменско и Буф. Настапувале пред државници и така Алона станала позната во Грција.

За жал, рече Константину, на Арменско најголемиот зијан му се случаил за време на Грѓанската војна. Пред неа селото имало над 900 жители можеби и илјада, а по 1945 година 400, по седумдесетите година  300, а десен 120. Во Мелбурн има 2000 жители до потекло од таму, а во Торонто, Канада 1000.

„Сите тие луѓе го напуштија селото за време на Втората светскла војна, Граѓанската војна и потоа меѓу  50 и  60 години од минатиот век и таму создадоа семејства“, рече Константину.

Ж.ЗДРАВКОВСКА 

Страница 1 од 6

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани