2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Сообраќајниот метеж низ Битола станува секојдневие, а посебно се интензивира претпразнично. Насекаде се чувства гужвата, најмногу на сообраќајниците во централното градско подрачје, но она што посебно се забележува е застојот на новиот кружен тек кај Ветеринарно. 

Свирежи, нервозни возачи и колони по улицата „Едварад Кардељ“ од семафорите на костосницата Бела Чешма до новиот кружен тек се секојдневна појава

Се подготвува теренот кај Ветеринарната станица во Битола за изградба на новиот кружен тек. Се расчистува локацијата каде неодамна беа исечени повеќегодишните дрвја, а отстранета е и спомен бистата на војводата Александар Турунџев. Од Општина Битола посочија дека предвидено е нејзина дислокација во училиштето кое го носи неговото име во село Кукуречани

Јавното претпријатие Комуналец, денес започна со подготвителните активности за реализација на проектот за изградба на кружен тек на улица „Прилепска“ со улица „Баталјон Стив Наумов“ - проект чија реализација, претходно доби едногласна поддршка од сите советнички групи од Советот на општина Битола.

Заради непречено спроведување на градежните работи, на просторот каде ќе биде изграден новиот кружен тек, неопходно беше отстранување на постоечките дрвја, поради што ЈП Комуналец, годинава, засади 867 нови садници на следните локации: Саат кула, Партизанска, Осми септември, ОУ Стив Наумов, ул. Македонски гемиџии, главен парк и други локации. Претходно, во 2022 беа засадени 452 декоративни и 10 листопадни дрвја.

Во следната фаза работните активности, на просторот кај ветеринарната станица, ќе продолжат со воспоставување на времен режим на сообраќај за што јавноста навремено ќе биде известена, а изведувачот на работите „Јоска транс“, ќе започне со реконструкција на канализационата мрежа под кружниот тек.

Предвидените средства за реализација на овој инфраструктурен проект се во износ од 11.790.640 денари, во кои е вклучена канализациона мрежа, коловоз и улично осветлување.

Со завршувањето на проектот, ќе се промени и режимот на сообраќај во овој дел на градот од крстосница со сигнализација во крстосница со кружен тек, што е особено значајно како мерка за растоварување на сообраќајот, во функција на зголемена безбедност и намалување на аерозагадувањето преку намалено задржување на возилата во овој дел на градот.

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани