АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
По улиците од прв приоритет во централното градско подрачје продолжува крпењето на ударните дупки настанати поради поларните температури и мразеви во изминатиот период , а ЈКП „Нискоградба“ ја следи временската прогноза на УХМР и се подготвува за справување со евентуално нови врнежи од снег.
-Имаме доволно количини на ризла и сол за да се справиме со новиот снег кои метеоролозите го прогнозираат за утре навечер и четврток во раните утрински часови, вели Методиј Силјановски директор на ЈКП „Нискоградба„ –Битола.
Методи Силјановски од денеска со решение е избран за директор на ЈКП „Нискоградба“-Битола со мандат од 4 години. Со одлука на градоначалничката Наташа Петровска, Силјановски е избран за директор како кандидат кој во целост ги исполнил бараните услови од распишаниот јавен конкурс. Тој во изминатиот период, од смената на локалната власт досега раководеше со претпријатието како вршител на должност. Силјановски е дипломиран градежен инженер, доаѓа од редот на вработените во „Нискоградба“ и е кадар на Либерално- демократската партија.
Јавното претпријатие „Нискоградба“ започна со санација на ударните дупки низ улиците во општина Битола, односно локалните патишта кои се под општинскa надлежност.
„Поради временските неприлики и дотур на асфалт од базите одреден период не се извршуваа овие активности. Согласно програмата на Општина Битола за одржување на улици и патишта во следниот период интензивно според списокот што ни го достави Општината со имиња на улици за санација на ударни дупки, активностите ќе течат континуирано“, рече директорот Методи Силјановски.
Либералдемократите Александар Касапов и Методиј Силјановски се новите директори на јавните претпријатија „Пазари“ и „Нискоградба“. Касапов и е добро познат на јавноста по неговото учество во претходниот состав на Советот како остар критичар на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и ексградоначалникот Владимир Талески. Силјановски е вработен долги години во “Нискоградба“ и одлично ги познава состојбите во ова јавно претпријатие.