2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Од печат излезе збирката проза и поезија „Мојата Битола“ на битолчанецот Зоран Ѓоргиев, хроничар и истражувач на градот, дипломиран правзник и магистрант на Универзитетот во Хаифа, Израел. Книгата се состои од триесетина прозни текстови и песни во кои тој ја искажува љубовта кон родниот град, Битола градот на клавирите, убавините, конзулите, матинеата, среденадите, пајтоните. Но, и разочарувањето зашто времето минува, а таа не ја добива достојната грижа за да го поврати својот сјај.

Во предговорот, авторот пишува дека инспирацијата за книгата ја добил од секојдневните случувања во Битола. Еден збор или случка му биле довзолни за да се занесе, однесе и сам да си ја отвори душата како бисерна школка за да ја опее љубовта кон градот што не можел да ја скрие.

„Но, како што поминуваше времето, таа убавина почна да исчезнува. Не знам и самиот зошто, дали можеби беше жедна за вода која никој не ја залива како што треба, дали ѝ требаше мал зрак светлина кој ќе ѝ ги растера облаците или пак, ветренце со мирис на липа кое ќе ја вратеше нејзината волшебност и магија...Книгата ја зпочнав со многу љубов, но ја завршив со очај и немир, се̍ заради суровата реалност која денес ја живееме“, напиша Ѓоргиев.

На промоцијата стиховите и емотивната проза со својата прекрасна нарација ја оживеа Силвана Петровска-Насух. Рецензенти беа Ана Бунтеска и Божидар Божиновски.

Бунтеска која и самата е е битолчанка напиша дека ова е интимно обраќање кон градот, како „одново и одново да се вљубувате во иста жена“.

„Битола ве удриа од секоја страница. Жал по времињата кои веќе ги нема, жал по луѓето кои одамна се заминати, гнев кон секој кој ја сквернави нејзината убавина и става“, пишува Бунтеска.

За рецензентот Божиновски, книгата е љубовно писмо за Битола, љубовна приказна за домот.

„Низ вековите Битола била дом на многумина кои ја опеале, ја насликале, ја снимиле, овековечиле, а Зоран е еден од низата на тој ѓердан на вратот околу убавата Битола“, напиша Божиновски.

Ова е втора книга на Ѓоргиев во рок од три месеци, по првата „Траги на еврејското наследство во Битола“.

Ж. Здравковска

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани