АД ЕСМ Подружница РЕК„ Битола“ на своите вработени и на сите жители на Република Северна Македонија им ја честита Новата 2021 година со желби за здравје, љубов, слога, хармонија, личен развој и семејна благосостојба.   

Работна посета на хотелот Молика и ски центарот Копанки беше реализирана во текот на викендот од страна на генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и претставници на РЕК Битола, Елемтурс, х. Молика и на фирмата ќерка на ЕСМ, ФОД Битола.

Целта на посетата беше запознавање на раководството на компанијата со состојбата на хотелскиот комплекс по завршувањето на летната сезона, во текот на која се искористија значаен број државни ваучери за туризам од страна на граѓаните.

На средбата беше разговарано и за извршените подготовки за успешна реализација на претстојната зимска сезона, како во инфраструктурата хотелот, така и во ски-центарот. Нотирани беа активностите кои се уште треба да се спроведат, за што на располагаше се ставаат внатрешните ресурси на компанијата, односно соработка меѓу сестринските фирми на АД ЕСМ и пружање меѓусебни услуги согласно нивните специфики на работа.молика 2

молика3

 

По повод верскиот празник Голема Богородица, кој се прославува и како Ден на рударите, во рударско-енергетските комбинати во Битола и во Осломеј беа доделени награди и признанија за најдобрите работници.

На сите работници и граѓани на Република Северна Македонија, Подружницата на АД ЕСМ- РЕК „Битола“ им го честита Први Мај, Меѓународниот ден на трудот!

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани