АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од повикот за набавка на јаглен за РЕК Битола ќе биде потпишан договор за набавка на 90 илјади тони јаглен, од Албанија. Од деветтте фирми кои дадоа 14 понуди од различни рудници во Р. Северна Македонија и од регионот, дел од понуди не одговараа технички во однос на јагленот, додека дел имаа недостатоци во економско-финансиската евалуација, односно во назначениот рок немаа доставено комплетна документација.
Од тие причини, повторно ќе биде објавен отворен повик во времетраење на целата грејна сезона и очекуваме да се обезбедат дополните 810 илјади тони јаглен за РЕК Битола и 170 илјади тони за РЕК Осломеј.
Отворениот повик ќе биде дополнителна можност за компаниите да ја комплетираат документацијата, како што е случајот со понудата на јаглен од Косово која ги задоволува техничките, финансиските и количинските барања на повикот. Економскиот оператор не успеа во првиот рок навремено да достави договор склучен со КЕК-државните електрани на Косово како испорачувач на јагленот, поради тековната промена на раководниот тим во косовските државни електрани. Сите економски оператори ќе имаат можност во текот на грејната сезона да доставуваат понуди, до обезбедување на бараните количини.
АД ЕСМ, исто така, го засилува ископот на сопствен јаглен и со тоа ќе го осигураме производството на електрична енергија во текот на зимската сезона. Нивото на ископан јаглен на депонијата во РЕК Битола изнесува 200 илјади тони.