2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

 

По повод, 5Декември - Меѓународниот ден на волонтерите, Советот за волонтерство на општина Битола, ја додели наградата за волонтерски ангажман во локалната заедница. Целта на доделувањето на оваа наградата е да се поттикне и промовира волонтерството во Битола, да се зголеми видливоста на волонтерите и позитивните волонтерски практики и да инспирира понатамошно унапредување и развој на волонтерството на локално ниво. Наградата е од големо значење за признавање на граѓанскиот ангажман во подобрување на животот во локалната заедница. Добитници на наградата оваа година се: Ферзије Асановска, Валентина Соколовска, Марија Бошковска, наградени како волонтери за 2022 година, потоа Здружението за заштита од повеќе аспекти-ВИКТОРИ од Битола, наградено како организатор за волонтерска работа за 2022 година и Наташа Дарков – волонтерски координатор за 2022 година.

Наградите ги додели градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, кој им се заблагодари за нивното досегашно дејствување, посакувајќи уште многу успешни волонтерски активности во следниот период, за кои општината, секогаш е подготвена да ја обезбеди неопходната поддршка.

Во прилог, детално образложение за секој од добитниците на наградата.

Ферзије Асановска Волонтер за 2022 година

Ферзије е долгогодишен член на Здружението за развој на ромската заедница „Сумнал“и е вршител на една од најкомплицираните задачи на терен, односно таа е ромски образовен медијатор. Ферзије  успева теренски да запише првачиња Роми, повратниците од странство повторно ги враќа во училиште, а отпишаните ученици ги мотивира и ги враќа без разлика на нивната надмината возраст да го продолжат своето образование. Во „Сумнал“ - здружението за развој на ромската заедница придонесува во Ромскиот здравствен образовен центар, со што ги мотивира младите Роми да го продолжат своето образование.

Таа е вклучена на други различни теми и проекти кои се однесуваат за инклузија на Ромите. Дел е и од акциската група „Ромактед“ којашто заедно со општината планираат и реализираат планови во врска со подобрувањето на состојбата на Ромското население во сите области. Ферзије е одговорна и посветена кон извршувањето на своите задачи и останува во градот да си ја гради својата кариера и да волонтира. Таа е личност која сака да учи, да се надоградува и сака своето знаење да го сподели со другите.

Здружението за заштита од повеќе аспекти-ВИКТОРИ од Битола -  Организатор за волонтерска работа за 2022 година

Членовите на здружението „Виктори“, максимално се вложуваат во волонтерски акции и претставуваат пример за сите млади.  Ретки се личностите кои на толкава возраст го даваат максималното од себе. Актовности кои се реализирале во изминатиов период:

·       Две еколошки акции во Нов пазар.

·       Донација на книги во Општина Новаци, с. Бистрица и во болницата ,,Д-р Трифун Пановски"

·       О.У. со ресурсен центар ,,Кочо Рацин" - Битола донација за децата од тој центар (хигиенски работи, пакетчиња, школски прибор и занимливости).

·       Еколошка акција во с. Дихово на ,,Капејнци", по повод Светскиот ден на водите.

·       Организација на хуманитарен настан ,,Сите заедно во борба со канцерот", прв настан од поголем размер во државата во кој се вложивме волонтерски, без парични надоместоци на кој имаше присутни од цела држава. Сите финансиски средства кои беа собрани од поддржувачите на настанот беа пренаменети за перики кои се наменети за децата болни од канцер.

·       Доделени прехранбени продукти во Заразното одделение на болницата ,,Д-р Трифун Пановски" Битола.

·       Дадени прехранбени продукти на семејство во Баир.

·       Донација во ,,Дневниот центар" под надлежност на МТСП.

Валентина Соколовска  - Волонтер за 2022 година

Валентина, благосостојбата на животните ја става на прво место и пред самата себе.Таа е долгогодишен активист, волонтер и заштитник на бездомните животни на територијата на Битола. Валентина е добро позната во групите и здруженијата за заштита на бездомни животни, нејзиното несебично залагање не може да остане незабележано. Како волонтер, таа од сопствен џеб одделува средства за да покрие трошоци за стерилизации, кастрации, повреди, вакцини и лечење на бездомни животни. Од септемвери досега, Валентина покрена инцијатива за итна стерилизација на критични женски кучиња кои раѓаа по неколку пати годината. Благодарение на ангажманот на Валентина беа стерилизирани 17 кучиња! Валентина одговара на секој повик кога е потребна помош за некое животно и сето тоа го прави волонтерски, со љубов и без никаков финансиски интерес.

Марија Бошковска - Волонтер за 2022 година

Марија голем дел од нејзининото слободно време го посветува за поголемо внимание и грижа за бездомните животни кои не по нивна вина се наоѓаат на секој чекор низ нашиот град. Оваа битолчанка од преголема љубов на тајна локација има згрижено 78 бездомни кучиња.И покрај нејзините професионални обврски како вработена во „Флекс Кредит“, таа и за време на нејзината работа пронаоѓа начин да подари љубов која многу од нив и никогаш не ја почуствувале. За време на едно работно патување надвор од градот заедно со колешка собрале бездомно куче кое веднаш било згрижено од Марија, а сега тоа куче има нов живот во Англија. Со вдомувањето на бездомни кучиња Марија сфатила дека може да се добие и даде бесплатна љубов која за неа претставува духовно растење и исполнување. Оваа битолчанка е позната поради тоа што насекаде низ градот води грижа за кучињата скитници, овозможувајќи за нив вода и храна.

Наташа Дарков – Волонтерски координатор за 2022 година

Наташа е отворена личност, комуникативна, секогаш пријателски настроена и подготвена да помогне таму каде што треба. Волонтирањето е нејзиното второ име и како волонтер таа несебично и посветено има учествувано на многубројни настани, фестивали и манифестации во нашиот град. Но покрај што е волонтер, Наташа е волонтерски координатор, односно се залага сета таа љубов, знаење и искуство да го пренесе на младите волонтери. Наташа како волонтер била дел од многу активности вклучувајќи:

·       Дел од активностите на фестивалот на кратки филмови “Balkan Beyond Boarders”

·       Четири години со ред учествува на трката „Трчај бе“

·       Дел од активностита на фестивалот „Браќа Манаки“

·       Дел од активностита на фестивалот за Монодрама

·       Центар за култура – Битола, Северна Македонија · Онлајн од Мај 2015 наваму

Наташа како волонтерски координатор ги мотивира младите да волонтираат и да придонесат нешто убаво за нашето општество, за нашите сограѓани, за нашиот град.

За мене ДПМНЕ е веќе историја, а ВМРО е нешто друго и мислам дека математиките пред изборите не им одат како што очекуваа, изјави Наташа Петровска, кандидат за градоначалник од СДСМ и коалиционите партнери.

-Јас повеќе сум вконцентрирана на проектите што ги нудиме и нашето претставување пред граѓаните. Од наша страна кампањата ја тераме исклучително коректно, тоа можат да го видат граѓаните, флаерите на мојот противкандитат не се искинати , а не сме имале никаков вбербален напад врз нивните личности до сега- рече Петровска.

По повод Денот на стари лица, Петровска и кандидатите за советници ги посетија двата дома за стари и изнемоштени со цел да согледаат во какви услови ги минуваат старечките денови од животот и што во иднина треба да се подобри.

-Дефинитивно потребно е да се направи повеќе и како идна локална самоуправа ќе направиме зголемување на капацитетите за згрижување на старите лица, стимулирање на сите приватни лица кои се заинтересирани да ги зголемат тие капацитети, меѓудругото и како форма на јавно –приватно партнерство. Понатаму, вработување на нови ,стручни лица кои им се потребни на овие институции, активирање на млади лица по пат на волонтерство кои би помагале во домовите. Преку волонтери ќе се овозможи набавка на основните намирници од храна и лекови за наши постари граѓани кои не се сместени во домови- изјави Петровска.

Таа уште вети  дека во месните заедници ќе создадат катчиња каде граѓаните во повозрасни години ќе можат да се дружат и да ги споделуваат своите проблеми. 

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани