АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Општина Битола, јавните претпријатија: „Водовод“, „Комуналец“ и „Нискоградба“ и три приватни фирми, денес, по повод Меѓународниот ден на планетата Земја, организираа акција за расчистување на диви депонии со цел преку заеднички и организиран пристап да се придонесе кон почиста животна средина и да се подигне еколошката свест кај населението.
Од 06:20ч. поради обилни врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Битола - Ресен преку планинскиот превој Ѓавато, информираат од АМСМ
Камион кој пренесува огревно дрво денеска се движеше по битолски Широк Сокак. Влезе во пешачката зона од локацијата„ Камен мост“, а откако ги растовари дрвата, излезе кај Офицерски дом. Камионот минуваше покрај пешаците, меѓу масите од кафулињата во долниот дел на Широк Сокак, а по плочките течеше масло.