АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола,денеска (23.09) по добиени оперативни сознанија во врска со кривичното дело"Предизвикување општа опасност" односно, намерно предизвикување на пожари на отворен простор во с. Лознани и с.Путурус, битолско, во полициска станица Битола ги повика на разговор М.С.(43) од с. Вашарејца, битолско,В.П.(58) од с. Лознани, битолско А.Л.(72) од Битола, И.К .(35) од с. Вашарејца, Д.С.(61) од с. Лознани. Против лицето Д. С. ќе следува и Кривична пријава по чл. 288 од кривичен Закон,односно "предизвикување општа опасност".
Додека пожарникари од ТППЕ Битола интервенираа во село Горно Српци на запалена трева, непознати лица се обидоа да ја запалат ботовата шума пред нивни очи.
Во гаснењето на пожарот во Стрелиште учествуваа и жителите од оваа битолска населба. Тие се вклучија самоиницијативно и со помош на хидрантите од станбените згради пуштија противпожарни црева и го изгаснаа пожарот кој стигна до самите згради во населбата. Денес беше навистина ризично во Стрелиште. Десетина пожари за само 3 часа гореа на различни локации низ населбата, а од противпожарната единица рекоа дека сите се подметнати. Во гаснењето учествуваше битолската пожарна, а пожарникарите вложија надчовечки напори да го спасат објектот каде има училиште и градинка.