2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

„Владеачката коалиција предводена од СДСМ на локалните избори освои 13 советнички мандати. СДСМ е партија со најголем обединувачки потенцијал со нашите коалициони капацитети што сме го потврдиле во многу случаи досега. Пред нас е период во кој ќе бидат утврдени принципите за соработка со останатите  советнички групи кои ги делат истите идеи- домаќинско раководење со парите на битолчани со цел изградба на модерна и европска Битола. Битолчани никогаш веќе нема да дозволат градот да го узурпираат мрачните сили од блиското минато“, рече Методија Илиевски, советник од СДСМ.  

Запрашан како ќе обезбедат мнозинство во Советот тој одговори: „Официјално опозицијата на централно ниво е заедно со Либерално-демократската партија и ДУИ, сигурен сум дека цврстите заложби за градење на здраво општество и најдоброто во општината, ќе продолжат во правецот  да се гради Општина Битола. Сигурен сум дека и со останатите партии кои ќе партиципираат во Советот ќе изградиме едно стабилно мнозинство со повеќе од 51 процент“, рече Илиевски.         

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани