2win800x200

Велигденскиот базар кој вчера се одржа во Битола на плоштадот Магнолија собра скромни средства , но ја покажа хуманата димензија на битолчани, велат од Здружението на граѓани за советување , поддршка на лица со карцином или лица кои се излечиле -„Јасмин“ од Битола.  Организатори на настанот беа Ани Митревска, Анета Димитриевска и Александра Илиевска.

Ани Митревска  вели дека собрани се средства за неколку патувања до Скопје и за третмани, но забележува дека ниту една поголема компанија од градот не се приклучила на хуманитарниот базар.

-Голема благодарност до граѓаните, фирмите и поедици од градот што донираат за акцијата. Битолчани ја покажаа својата хуманост. И еден апел до големите фирми и претпријатија да се вклучат во нашата акција да не останат неми на нашиот повик, зошто Битола  е град со 2400 заболени од рак, од кои дури 8 деца. На овој базар се приклучија само помали фирми како бутици, пекари , цвеќари, а каде се оние поголеми  општествено одговорни компании ,рече Ани Митревска од „Јасмин“.

Таа ги ги повика  граѓаните заболени од  рак да им се приклучат во здружението во борбата со оваа опака болест и ги повика и надлежните институции да ги слушнат нивните проблеми.

1 ani

2 ani

4 ani

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани