АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Експерти од европската еколошка мрежа на заштитени подрачја „Натура 2000“ во Националниот перк Пелистер открија видови застапени во европските анекси за заштита, а кои досега никогаш на македонските простори не биле откриени. Тие деновиве вршат мониторинг на флората и фауната во Националниот парк Пелистер кој е еден од избраните пилот подрачја од земјава што можат да станат дел од еколошката мрежа по зачленувањето на Македонија во ЕУ.
„Успеавме да најдеме и видови застапени во европските анекси на заштитени видови, а кои досега никогаш на овие простори не биле откриени. Посебно фокус ни се растенијата, вршиме мониторинг на шумите, па дури и во реонот кај село Mаловишта каде имаме црна топола и белa врвба, потоа на деловите со алпски карактеристики и на живеалиштата крај реките“, рече Петро Ахлрот, лидер на проектот.
Експертите посочија дека неопходно е одржување на живеалиштата.
„Идентификувавме 11 живеалишта во рамки на Националниот парк Пелистер кои постојат на анексите на ЕУ. Работиме на протоколи за мониторинг и најмногу се фокусираме на шумата. Секако и на моликата која е еден од видовите што се од најголемо значење. Значајно е да ја имаме моликата зашто таа е нашиот заштитен вид, но таа стада на повисоките места поради обраснување со други видови на дрвја и шума. Ако ги спомениме ливадите, тенденцијата е ливадите да се напуштаат, па да се обраснуваат со вегетација, за да опстанат тие треба да бидат одржувани“, рече Кимо Сурионен , ботаничар во фински институт.
Мониторингот продолжува, ќе има и обука за јакнење на капацитетите за ефективна имплементација на европското законодавство во областа на заштитата на природата.