2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Место адреси, регистрации на куќите во Брајчино (фотогалерија)

Мај 21, 2018

По странските регистарски таблички, развиорени знаменца, па и исцртани симболи ќе дознаете каде се иселени стопаните на куќите во преспанското село Брајчино. Некои на замандалените дрвени порти прикачиле стари регистарски таблички од возила што порано ги возеле во Холандија, Германија, Канада и на други места. На некои куќи се виорат знамиња од Канада и Австралија и укажуваат дека во две прекуокеански земји денес им е распарчено семејството. Трети пак, го исцртале јаворовиот лист од канадското знаме на влезовите од куќите.

 

Пустелијата (во овој период ќе сретнете одвај една рака луѓе) и ваквите симболи укажуваат на тоа дека селото одамна е мртво. Само по некој стар човек уште го држи силата да ја ископа нивата со зеленчук. Низ селото многу куќи пропаѓаат, а други се обновуваат, но „птиците преселници“ ги населуваат само по некој месец преку летниот период, а потоа пак потонуваат во гувотија. Луѓе скоро и да нема, но сепак во атарот има ѓубре. Некој таму си се ослободил од сметот кога си ја реновирал викендицата мислејќи дека коравот ќе ја проголта депонија и нема да се гледа.

Брајчино е пасквелија поради иселеноста, но и рај по природните убавини. Вгнездено во пазувите на Баба Планина, на шест километри од источниот брег на Големото Преспанско Езеро, распослано на обата брега од Брајчинска Река, ова е еколошко место за одгледување на јаболка и природен мед. Планината и езерото влијаат овде да не фаќат пеколни горештини како по градовите, туку и среде лето знае да дувне свежо ветерче.

Брајчино живее за Духовден кога се очекува дел од иселениците да се вратат на старите огништа и да раздадат за душа на покојните предци. Оние кои нема да дојдат сега, можеби ќе ги донесе патот тука за Илинден кога во соседното село Љубојно се одржува голема прослава на иселениците.33066044 388310818318957 1297464106353164288 n

33139018 388310981652274 3013352804380049408 n

33149416 388310794985626 7209752787075203072 n

33078802 388310974985608 1191324069920768000 n

33130962 388311294985576 5655486809363185664 n

33079901 388311204985585 5964868340374568960 n

32962974 388311324985573 3373234595217539072 n

33105823 388311181652254 481522544629776384 n

33137415 388311064985599 8930093446337658880 n

33120378 388311108318928 8670774084193222656 n

33099798 388311271652245 7170928301353992192 n

33063616 388311341652238 6800009445293162496 n

33149416 388311361652236 6690104169946152960 n

33158672 388311301652242 3952687346293407744 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани