2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ ја напуштија седницата незадоволни од одговорите на градоначалничката Наташа Петровска

Мај 22, 2018

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата денеска ја напуштија седницата на Совет незадоволни што градоначалничката Наташа Птровска не им дала одговор на сите дополнителни советнички прашања.

 

На денешната седница на Совет Петровска дојде да го образложи кварталниот извештај од буџетот за годинава , па опозиционерите веднаш предложија да и постават советнички прашања. По низатата говорници градоначалничката почна да им одговора на сите нивни прашања, но во интрес на времето и нејзините обврски продолжи со  извештај за  буџетот. Тогаш, советниците на ВМРО-ДПМНЕ еден по еден ја напуштија салата, а Иванчо Тошевски ни рече дека не се задоволни од одговорите на Петровска, дека таа не смее да ја узурпира говорницата, туку да одговара на сите нивни дополнителни прашања.

-На поставените прашања таа ниту даде одговори ниту се обиде да одговори. Таа денес во грч покажа дека дрско може да ја окупира говорницата и не ни дозволи да го користиме правото на дополнителни прашања со што ги понижи битолчани и советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, регираше Тошевски.

Градоначалничката при заминувањето на опозицијата од говорница ги потсети како бившата власта одговараше, односно не одговораше на советничките прашања.

-Јас одговорам децидно на прашањата, дали беа доволни или не, незнам, меѓутоа најмалку во одговорите го злоупотребив просторот за популистички дискусии, рече Петровска .

Најавено е дека после 15 часот Петровска ќе се врати на седница на Совет и ќе одговори на дополнителните прашања на опозицијата.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани