2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Ја обвинувате Петровска за игнорантен однос, а вие избегавте од седница, ја искритикува Груевски локалната опозиција

Мај 22, 2018

Ја критикувате градоначалничката Наташа Петровска за наводен игнорантен однос, а вие избегавте од седница, ја искритикува локалната опозиција, претседателот на Советот, Валентин Груевски. На денешната седница на Совет на почетокот присуствуваше и градоначалничката Наташа Петровска која одговараше на советнички прашања. Потоа во интрес на времето и нејзините обврски продолжи да зборува за кварталниот извештај за  буџетот за годинава. Тогаш, советниците на ВМРО-ДПМНЕ и коалиционите партнери, еден по еден, ја напуштија салата зашто не биле задоволни од одговорите и зашто таа дала експозе за буџетот и заминала.

 

„Ова е игнорантски однос на Петровска кон работењето на Советот. Сме дискутирале за тој нејзин однос. Доколку сакате квалитетни дискусии и партнерски и коректен  однос да ја видиме градоначалничката на координација, да се договориме околу некои работи бидејќи сите сме тука да работиме за интересите на граѓаните“, рече Иванчо Тошевски, советник од ВМРО-ДПМНЕ.   

Претседателот на Советот им рече дека денешните факти се поинакви.

„Во 11 часот почнавте да поставувате советнички прашања без никакви временски ограничувања, 60 проценти од вашите советници не кренаа рака. Во 11. 35 часот вие ги завршивте советничките прашања. Потоа градоначалничката доби збор и одговараше на вашите советнички прашања и побара без да станува уште еднаш да се изнесе и за кварталниот извештај. Вие иако викате постојано да дојде тука, ја напуштивте седницата. Откако се вративте наместо да продолжите со советнички прашања, тоа право никој не ви го скарти, вие побаравте пауза од 5 минути. Таа пауза на координација ја продолживте на 45 минути, односно до 13 часот. Потоа, кажавте дека ќе дојдете малку покасно, па паузата од пет минути ја продолживте до час и 40 минути и сега зборувате за игнорантски однос на Наташа Петровска бидејќи не била тука, а вие избегавте од седницата. При тоа десет пати излеговте надвор да давате изјава. И кога беше градоначалничката тука вие надвор дававте изјава. Побаравте три паузи во време на присуство на градоначалничката“, рече Груевски...

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани