2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

За првпат асфалт до најоддалечените села во битолско Мариово

Мај 23, 2018

За првпат по асфалтен пат ќе се стигнува од Битола до најоддалечените мариовски села Старавина и Градешница,децениски сон на жителите од мариовскиот крај, но и на многумина други кои трагаат по планинарски и туристички аватури.

 

За прват се асфалтира регионалниот пат меѓу мариовските села Рапеш и Старавина. Ова ќе значи целосна асфалтна врска од Битола до Старавина. Ваквата сообраќајна врска која се чекаше со децении ќе донесе развој на мариовскиот крај. Таа ќе овозможи полесен дотур на храна и друга стока до мариовските села Старавина, Градешница, Груништа, Зовиќ кои досега поради нерамниот земјен пат останат од пред еден век кога го правеле француските војски, беа отсечени од цивилизацијата. Земјениот и запуштен пат, често пати го раскопуваа обилните дождови и негрижата за одржување, па беше со бразди долги неколку метри, а длабоки половина метар.

Сега асфалтниот пат ќе значи олеснат превоз до старите огништа и викендиците на некогашните жители од Мариово. Но, пред се, ќе биде отворена врата за развој на туризмот. Местото изобилува со девствена убавина, еколошки предели, пејсажи, цркви, манастири и услови за разој на меморијалниот туризам поради локации, остатоци од објекти и предмети од времето на Првата светска војна.

„ ЈП Македонија пат започна со градежни работи и асфалтирање на регионалниот пат до Мариово, поточно од потегот кај село Рапеш кај мостот на река Црна кон село Старавина. Вкупната должина на патот е 9 километри. Градежните активности веќе се започнати , така што за скоро ќе се почне со асфалтирање. Со завршување на оваа делница од Битола до Градешница, во должина од 53 километри ќе биде целосно асфалтиран патот до Мариово“, вели градоначалникот на општина Новаци, Љубе Кузманоски.33174608 388968631586509 7333323084989988864 n

Паралелно со овој пат, интензивно се работи и на реконструкција на регионалниот патен правец Р 1311, Битола- Новаци – Рек, во должина од 12 километри. Реконструкцијата на овој пат ќе чини еден милион евра, а на овој од Рапеш за Старавина 400 000 евра. Средствата ги обезбеди Јавното претпријатие за државни патишта.33401097 388968688253170 5822930859631575040 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани