Деновиве во Мала Преспа беа пронајдени повеќе од 500 мртви пеликани.
-Пеликаните беа забележани од страна на нашата партнерска организациja од ПреспаНет Society for the Protection of Prespa (SPP) . Потврдено е дека причината за угинатите птици е птичји грип H5N1. Информирани се сите наши релевантни институции, а вирусот е потврден и кај нас во одделен случај, соопштија од Македонското еколошко друштво.
Соодветните организации ја следат состојбата и се очекува дека и кај нас може да бидат забележани нови случаи.
-Доколку лично забележите нешто слично можете да ни пријавите, апелираaт од МЕД
Од СПП информираат дека наглото зголемување на угинати пеликани е забележано со нивниот редовен мониторинг, со дрон и телескоп.
-Во согласност со анализата на примероците собрани од ветеринарните служби, потврдено е дека причината е вирусот на птичјиот грип H5N1, соопштија од СПП .
Веднаш се преземени мерки за да се организира најдобар и најбезбеден начин за собирање на угинатите птици во Мала Преспа. За ситуацијата се информирани и меѓународните организации.
Пред три дена од Мониторинг станицата на Преспанското Езеро во Стење, соопштија дека со оглед на појавата на H5N1 во соседна Грција на Мало Преспанско езеро, ренџерската служба на Општина Ресен изврши вонредна контрола на јужниот дел на Преспанско езеро и островот Голем град. Тогаш не беа пронајдени угинати птици.
На 21 февруари кај дива птица во Штипско е потврдено присуство на болеста авијарна инфлуенца (птичји грип). Вирусот не е детектиран на фарма, туку кај дива угината прелетна птица - корморан најдена во природата, информираа тогаш од Агенцијата за храна и ветеринарство