2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Да се отвори граничниот премин „Маркова нога“ бараат Македонците од Мала Преспа во Грција

Јуни 16, 2018

Мирен и вообичаен ден во Мала Преспа во соседна Грција, каде в недела ќе се потпише договорот меѓу Македонија и Грција за решавање на долгогодишниот спор за името. Мештаните  од селата во овој регион   си ги извршуваа вообичаените работи. Иако сеуште не се открива каде точно ќе се потпише договорот, како можна локација се споменува селото Нивици или на грчки Псаридес. Според неофицијалните информации потпишувањето ќе се случи во 9 и 30 часот утрото на грчка територија, по што шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, Димитров и Коѕијас, двајцата премиери Заев и Ципрас, како и претставниците  од меѓународната заедница и дипломати, преку езерото  ќе се префрлат на македонскиот дел од Преспа, каде во 12 часот ќе се заокружи процедурата на потпишување на договорот.

Жителите во село Нивици велат слушнале дека в недела ќе имаат високи гости.

-Така се слуша, дека овде ќе биде потпишувањето на договорот, ама уште не знаеме ништо, рече жител на селото.

Зборуваат на македонски јазик со преспански дијалект. Се надеваат дека, со решавање на долгогодишниот спор, ќе заживеат запустените преспански села, 25 на број колку што ги има на грчаката страна во Мала Преспа, кои се празнат, а младите заминуваат.

-Овде во Нивици остана 50-60 жители, младите си заминуваат. Сите сме Македонци. Има и други села кои се македонски, а некои се мешани. Повеќето се испразнети, луѓето заминуваат во големите градови. Живееме од риболов и туризам. Ако политичката состојба се смири, се надеваме дека добро ќе биде за сите. Во преспанските села во Македонија, имаме блиски, роднини, со кои не можеме да се гледаме, далеку сме. Луѓето се мешале, се мажеле и женеле во едни и друг села. Ама границата не одроди, се заборавивме, вели друг жител.

Се надеваат дека ќе се остварат долгогодишните најави за отворање на граничниот премин Маркова нога, ќе се зајакне соработката на луѓето од двете страни на границата и ќе ја олесне меѓусебната комуникација. Сега да се дојде од македонска во грчката страна на Преспа потребни ви се околу 3 часа возење или 150 километри  преку граничниот премин Меџитлија до Лерин, потоа низ претежно планиснки пат, полн со свиоци и одамна нереконструиран, пред вас се појавува Преспанското езеро, величенствен поглед на Мала и Голема Преспа, а патот минува на местото каде се спојуваат двете езера. Тука се нижат преспаснките села во Грција, а нашите Долно Дупени, Љубојно, Брајчино со поглед се забележуваат од грчка територија.

Додека разговаравме во еден од малите ресторани на крајбрежјето на Нивици, полицијата будно не следеше и не дозволи фотографирање. На соседната маса, гостите на грчки јазик го коментираа нашето присуство.

-Ова се новинари, дојдени се тука да прашуваат. Јас сум против овај договор, рече една од гостинките додека го слушаше разговорот со мештаните во селото.

Во овој дел од Грција забележително е засилено присуство на војската и полицијата, кои очегледно прават безбедносни подготовки  пред  настанот кој ќе се случи утре на две локации-во Грција и Македонија.

 

prespa2

prespa4

prespa5

prespa6

prespa7

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани