АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Протест против договорот со Грција се одржа вечерва на плошадот Магнолија во Битола. Граѓаните кои дојдоа на протестот изјавија дека не одобруваат промена на уставното име на Македонија
-Ние сме во овој момент, понижени и ограбени за нашиот идентитет, за нашето минато, за нашата историја. Преку ова не смее да помине ниту еден Македонец. Ова е срам за нашата држава, срам за нашиот народ, рече Виктор Јосифовски од иницијативата „Доста е партија, сите за Македонија".
-Ние што сме за Македонија ќе се бориме за неа на сите можни начини. Ние од црквата и со молитва, но ако треба ќе земеме и оружје в раце и нема да седиме со скрстени раце, ќе го браниме она што е наше и свето, што сме го наследиле од нашите предци и што треба да го оставиме на нашите поколенија, рече протојереј Стеван Здравевски.
На протести денеска повика навивачката група Чкембари преку социјалните мрежи. Граѓаните од плоштадот Магнолија маршираа до Офицерскиот дом и ги повикуваа битолачани кои седеа во кафулињата да им се приклучат.