АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Кристиан Стојани, првиот член од возобновувањето на АК „Олимп“ Битола денес победи на Kiel Lauf 2022, улична трка организирана во градот Кил (Kiel) со три трки 5К, 10К и 21К.
Кристијан, кој во моментот живее во Германија, но сѐ уште е член на битолскиот клуб, носејќи го дресот на својот драг клуб, денес победи на 5К трката со резултат 17:35.
“Трката беше тактичка, заради угорниците кои ги имаше до третиот километар, потоа гужвата се разби и борбата за позиција беше непредвидлива со самиот финиш на трката. Задоволен сум од резултатот, а и целиот настан беше одлично организирам. Ве следев на социјалните медиуми како одеше ТРЧАЈ БЕ годинава и можам само едно да кажам дека нашата битолска трка е одлично организиран спортски настан кој комотно може да се спореди со вакви градски трки организирани во услови на една Германија” - вели Кристиан Стојани.