АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На магичен начин со фотоапарат битолчанецот Иванчо Тошевски ја „улови“ атмосферата од мултимедијалниот спактакл во Офицерскиот дом во Битола, инспириран од „Снежната кралица„ на Ханс Христијан Андерсен.
„Зимската приказна е повеќе од магична“ напиша Тошевски, а неговите фотографии го потврдуваат токму тоа.
Спектаклот го подготви креативен тим воден од сценографот Валентин Светозарев и претствува неверојатно визуелно уживање испреплетено со филмски амбиент на фасадите на Офицерски, ЗД мапинг, музика компонирана специјално за овој проект и настап на професионални и актери аматери.
Битолчани ова ретко уживање можат да го проследат до 31 декември во Офицерскиот дом од 19 часот.