2win800x200

Горната гимназија ја раскажа животната приказна како горда битолчанка на своите ученици и професори

Декември 30, 2022

„Од година во година јас не стареам туку сум се поубава и помлада благодарение на моите деца кои се мојот крвоток“, ја раскажа својата животна приказна во прво лице Горната гимназија во документарецот посветен на 130 години воспитно-образовна дејност во ова училиште. Документарецот беше промовиран денес во Офицерскиот дом во Битола во присуство на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кој исто така е излезен од клупите на ова училиште, директорката на Гимназијата Лидија Споа, директорката на КИЦ Лили Бошевска, сегашни и поранешни професори и ученици. Документарецот за школото- стожер на знаењето во државата- го подготвија професорите Никола Трајковски со поддршка на Илјо Трајковски и и учениците Давид Козаров, режија и монтажа и Теодора Јовчевска, наратор. Во видео записот беа користени и материјали од Историски архив-Одделение Битола.

322860730 482970674015413 1266708174901883773 n

322260248 1277058932838643 6327349104531711137 n

ОД ПАШИ, ДО БОРЦИ, АКАДЕМИЦИ, РЕКТОРИ, ДИРЕКТОРИ, ГРАДОНАЧАЛНИЦИ И КОНЗУЛИ 

Во видео записот во кој Гимназијата преку гласот на своите ученици говори за себе се кажува дека објектот во 1892 година прв го купил Сали- паша кој потоа за 620 златни турски лири го продал на тогашната турска власт во градот, односно на валијата кој од голем куќа за живеење го претворил во училиште. Во него се учело на повеќе јазици, а од 1945 година за првпат и на македонски.

„Ги слушав Стив Наумов, Мирче Ацев, Кузман Јосифовски- Питу, Елпида Караманди, Страшо Пинџур, Борка Талески, шепотеа дека се млади револуционери и дека ќе бидат борци на народно-ослободителната борба и македонскиот народ, за своја држава. Тие се моите херои кои не дочекаа да ја видат македонската држава самостојна. Во 1945 година јас бев домаќин на првиот училишен час на македонски јазик во цела држава. Од тој ден добив ново име ‘Гоце Делечев’. Среќата и мене ми се насмевна. Од следната година во моите прегратки, освен гимназијалци се образоваа и учители кои беа столб за ширење на нашето образование на мајчин јазик“, се вели во документарецот.

уцен ици5

-Растеше образованието, растев и јас. Се присетувам на ентузијазмот на моите професори и ученици. Да, горда сум кога ќе застанат пред моите порти да се фотографираат мислејќи дека се овекувечуваат себеси. Да, се овековечуваат, но ме овековечуваат и мене. Јас сум нераскинлив дел од нивното образование и живот. Заедно достигнавме многу. Се нижеа награди, а јас како вистинска битолчанка сум ептен горда на сите нив. Дури имам и орден Заслуга за народ со злтна ѕвезда од 1976 година. И градот ме наградувал повеќе пати со 4 Ноемвриската награда-, раскажува Гимназијата.

„Кога ќе погледнам наназад и ќе видам дека моите млади, полни со знаење, станале креатори на македонската иднина, ми се полнат срцето и друштата. Во моите клупи седеа академиците Коле Чашуле, Владо Камбовски, Анте Поповски, Петре Андреесвски, Ристо Козаровски, Живко Попов, Фанула Папазоглу, Томе Бошевски, Ѓорги Чупона, Александар Христов, Љубен Лапе, Димче Коцов, Владимир Костов и други. Имам и мои деца кои биле првите луѓе на градот, ректори на битолскиот и скопскиот универзитет Божидар Маслинков, Златко Жоглев, Томислав Чокревски, па и почесни конзули Калиопи Кривашија-Стилиновиќ, Миодраг Андријашевиќ, Силјан Мицевски. А да не зборувам за моите лекари, инженери, професори, уметници, тоа се моите деца“, се вели во видео записот.

КОЊАНОВСКИ-ГИМНАЗИЈАТА БЕШЕ И ОСТАНА МЕСТО ЗА ИНТЕЛЕКТУАЛЕН НАПРЕДОК 

Одбележувањето на 130 годишнината од почетокот на воспитно-образовната дејност во Гимназијата го поздрави и градоначалникот Тони Коњановски.

„Нашата гордост, нашето средно училиште како едно од најстарите, најреномираните и најквалитетните училишта во Македонија, докажа дека квалитетниот наставен кадар низ годините образова успешни генерации кои своето огромно знаење продолжиле да го докажуваат низ бројните достигнувања во медицината, архитектурата, градежништвото, инженерството, информатичката технологија, новинарството и други професии. Како некогашен ученик во Гимназијата со гордост можам да потврдам дека ова училиште од секогаш негувајќи ги квалитетите македонскиот јаизк и култура било и останало место за интелектуален и научен напредок“, рече Коњановски.

321955133 1119331482083785 677282204693403832 n

гимназија

 

СПОА- ГОРДИ СМЕ ШТО ОСТАВРУВАМЕ НАЈДОБРИ  НАУЧНИ РЕЗУЛТАТИ

Директорката Лидија Споа истакна дека ова беше првата гимназија во Македонија каде започна да се изведува настава на македонски јазик во средно образование и отогаш до денес е место каде се образоваат идните успешни генерации.

„Денес со гордост потенцираме дека нашата гимназија одбележува 130 години институционално постоење како образовен ентитет. Гимназијата како секогаш останува афирматор на целокупните позитивни промени на свеста што треба на сите нас да ни укаже дека треба да се докажеме на личен и колективен план. Зад нас е година што од нас ги исцрпи најкреативните потнцијали што ги вложивме да ја направиме Гимназијата уште поубаво место за интелектуален напредок за наставниците и учениците. За тоа зборуваат нашите резултати, освоените награди по сите предмети доаѓајќи од општинските, регионалните, државните и меѓународните натпревари. Со гордост констатираме дека овојуваме најдобри научни резултети, како во спортот така и во науката“, рече директорката.

споа

ИНВЕСТИЦИИ

Во изминатиов период училиштето запрта цели насочени визионерски кон подобрување на условите за работа во Гимназијата. Толстој рекол дека сојузник на напредокот во животот и работата се трпението и времето. Така, во времето зад нас, трпеливо и вредно, Гимназијата го подобри образовниот процес во училиштето, но ги облагороди и ги обнови и инфраструктурните услови во него. Училиштето и училишниот двор не се само физички простор, тие се место каде што професорите  како субјекти се реализираат професионално и комуницираа со учениците. Во продолжение се годинешните достигнувања досегашни остварувања:

Инфраструктура: 

-Дизајнирани клупи во ходниците на трите спратови

-30 училишни столчиња

-Закачалки за палта во сите училници и кариерниот центар

-Елементи за кујна во наставничка канцеларија

-Замена на постоечкиот лексан со плексиглас на терасата

-Промена на хоризонтален и вертикален олук на терасата

-Промена на старата со нова ограда од ковано железо на терасата

-Летна училница со бехатон плочки

322967988 481180290616725 8176259162602979852 n

-Доработка на покривен пролаз кон спортската сала со лим

-Санација и тековно одржување на споменик пред Гимназијата, замена на оштетени плочки со истоветни материјали

-Мијалник во ходникот на излезот кон спортската сала и нови мијалници во машки и женски соблекувални во спортската сала

-Хортикултурно уредување на простор за дружење на учениците во соработка со Сфера-Битола.

322697651 915277096502724 7142906230487393417 n

-ИКТ опрема и нагледни средства и помагала

-35 таблети

-10 Смарт-андроид телевизори 50'инчи за сите кабинети и спортската сала

-Бинокуларен микроскоп со екран

-Мултифункционален Фотокопир-Ricoh

-Мултифункционален принтер со скенер и копир -Canon

-Караоке звучник- Sony

-Универзална станица за полнење на лап-топ компјутери и таблети.

 

уценици

КОНЦЕРТ НА УЧЕНИЧКИ БЕНДОВИ 

322681537 648421937078956 2439353467400446382 n

По проекцијата на дикументарниот филм на платото пред Офицерскиот дом следуваше предновогодишен концерт со познати нумери од популарни бендови на учениците од гимназијата "Јосип Броз Тито" под менторство на професорот Владко Симоновски. Со концертот учениците докажаа дека не се само успешни во областа на бројните научни дисциплини, туку дека се и музички талентирани и во нив лежи голем потенцијал за напредок во областа на музиката.

 

 

уценици2

уцениц4

322960735 902239894271748 133294658226358603 n

321789349 2793035470826426 7973035834218722453 n

уценици3

уценици6

321601655 693564122418003 3161484369986608712 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани