АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Секторот за внатрешни работи Битола е на врвот, еден од подобрите во државата, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, при денешната посета на СВР Битола.
-Ги анализираме состојбите за првото полугодие и на основа на тоа ги утврдуваме нашите приоритети. Ако имаме статистика дека за 26 проценти се намалува вкупниот криминалитет на подрачјето на Сектор за внатрешни работи во Битола тоа значи дека се зголемува безбедноста, се зголемуваат превентивните активности, расте јавната свест кај граѓаните Ако зборуваме за СВР Битола тој е на врвот, еден од најдобрите сектори, не само сега, туку и претходно. Од моментот откако сум министер СВР Битола бележи напредок и добри резултати, рече министерот Спасовски.
Тој оствари средба со раководството при што ги сподели со јавноста статистичките податоци во ефикасноста на битолската полиција.
Вкупиот број на извршени кривични дела на подрачјето на СВР Битола во изминатите 6 месеци споредбено со истиот период лани, бележи намалување за 26 проценти. Вкупната ефикасност за расчистување на кривичните дела изнесува 43 проценти што е за 8 проценти повеќе од лани. Според статистичките податоци, најголемиот нброј кривични дела се во областа на класичниот криминал, а само во Битола има намалување на бројот на кривични дела за 51 процент, а ефикасноста е 47 проценти. Додека на подрачјето на целито Сектор за внатрешни работи, вклучувајќи ги и Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод има намалување на кривични дела за 31 процент, со ефикасност на расчистување од 43 проценти. Тоа говори дека соработката на полицијата со граѓаните е се подобра, а тоа придонесеува за зголемување на безбедноста на заедницата. За тешките кражби постигната е ефикасноста во расчистувањето за 39 проценти, а за разбојништва дури 140 проценти. Зајакнати беа контролите и за недозволена трговија со дрога и оружје и во првата половина од годината само на подрачјето на Битола поднесени се 36 кривични пријави против 48 сторители, што е зголемување за 67 проценти, а на подрачјето на целито Сектор има зголемување за 3 проценти.Вкупниот број на сообраќајни незгоди е намален за 9,7 проценти. Исто така успешно се спроведени повеќе оперативни акции од локален и регионален карактер за откривање на кривични дела против законско складирање на отпад, нелегална сеча на дрва итн, рече министерот Спасовски -
Министерот Спасовски ја посети Битола во рамките на проектот „Отворен Кабинет” каде на непосредни средби со граѓаните ги слушна нивните идеи и предлози кои одат во прилог на подобрување на безбедносната состојба во заедницата.
-Задоволен сум затоа што голем број граѓани побараа да се видат и да поразговараат. Тоа е и суштината на проектот, затоа што не сите граѓани имаат можност да се видат со највисокото раководство на МВР. За пофалба е тоа што граѓаните на Битола не дојдоа за личен проблем, малку дојдоа, само двајца за личен проблем. Другите дојдоа за општо добро на сите граѓани, разговаравме за безбедноста во сообраќајот, не пофалија дека има поголемо присуство на терен на полицијата. Сето тоа создава перцепција дека безбедносната состојба е многу подобрена, а констатираа дека нема селективност во постапувањето. За одбележување е големото намалување на нарушувањето на јавниот ред и мир. Проблем останува сообраќајот главната работа, и имаше идеи и предлози што може да се подобри во делот на управните работи, издавање одобренија итн. Едно од клучните барања е враќање на позорната служба, добро е тоа што СВР Битола почна навреме на враќање на овие пријатели полицајци, но проблем е тоа што немаме доволен број на полициски службеници. Состојбата се подобрува, имаме кандидати кои што се на обука и кои ќе се вратат и ќе бидат во Битола. Задоволен сум затоа што граѓаните даваат предлози кои ние со огромно внимание ги слушаме, а ние стануваме видливи и граѓаните тоа го препознаваат, рече министерот Спасовски
Министерот Спасовски на граничниот премин Меџитлија ќе оствари средба со раководството на граничниот премин.