2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Две лица се уапсени и одземени се над 30 илјади евра во акција на криминалистичката полиција на СВР Битола при контрола на диви таксисти и ченџери

Август 08, 2023

Денеска (08.08.)криминалистичката полиција на СВР Битола  во рамките на  ОА “Безбедно Лето 2023“ во Битола,лишила од слобода две лица кои се затекнати во вршење на  "Недозволена трговија, предвидено според чл.277 од КЗ, односно купопродажба на странски парични средства, без овластување издадено од Народна Банка на РСМ, како и спротивно на одредбите од чл.55 од Законот за девизно работење, односно “Неовластено продавање или купување готовински странски платежни средства и чекови“.

При тоа се одземени 247.050 денари, 12.430, евра, 14.595 австралиски долари, 3.302 американски долари, 4.415 канадски долари и 20 швајцарски франци

Исто така, денеска ,криминалистичката полиција на СВР Битола изврши контрола  на патнички моторни возила кои вршат превоз на патници без поседување на лиценца на подрачјето на град Битола, при што беше извршена  контрола на повеќе локации  во Битола и притоа беа затекнати 6 патнички моторни возила кои вршат превоз на патници, а притоа истите не поседуваа лиценца за вршење на внатрешен јавен сообраќај.По документирање на настаните против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани