Во организација на НУ„Завод и музеј“-Битола и здружението „19 Ноември“, денеска, 10 октомври во 18 часот, во КЦ Магаза, ќе биде промовирана книгата од м-р Евгениј Литовски со наслов „Улогата на Народна Република Македонија во културната автономија на Македонците од пиринскиот дел на Македонија 1944-1949“.
Евгени Литовски е роден во 1996 година во Битола. Дипломираше на Институтот за национална историја на Филозофскиот факултет на УКИМ во 2019 година, каде што и магистрираше во 2022. Се занимава со истражување и проучување на историјата на Македонија во периодот на Втората светски војна и во првите години по формирањето на државата. Автор е на повеќе научни трудови, изложби и една книга.
Промотор на втората негова книга на Евгениј Литовски, „Улогата на Народна Република Македонија во културната автономија на Македонците од пиринскиот дел на Македонија 1944-1949“, е Мишо Китановски, новинар, поет и публицист.