2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Историчарот Евгениј Литовски ја промовираше книгата „Улогата на НР Македонија во културната автономија на Македонците од пиринскиот дел на Македонија 1944-1949“

Октомври 11, 2023

Македонското прашање е една исклучително комплексна тема, која никогаш не може целосно да се исцрпи. Кон неа може да се пристапи од повеќе различни аспекти, а сите тие, секако, се поврзани помеѓу себе, вели историчарот м-р Евгениј Литовски, во предговрот на книгата „Улогата на Народна Република Македонија во културната автономија на Македонците од пиринскиот дел на Македонија 1944-1949“, која беше промовирана синоќа во КЦ Магаза во Битола.

-Настаните што се случувале за време на Втората светска војна во Македонија, но и не-посредно по неа, се од особено значење за македонската историографија. Со оглед на тоа што македонскиот народ дури тогаш по долгогодишна борба успеал да се избори за правото на создавање своја национална држава, во македонската историографија треба што повеќе да им се посветува внимание на темите поврзани токму со тој период. Иако во нашата историографија постојат голем број научни трудови посветени на најразлични теми од богатата историја на македонската борба за време на Втората светска војна, сепак не може да се каже дека е тоа доволно, така што треба сè повеќе да се стремиме кон тоа уште подлабоко да обработиме одделни прашања поврзани со овој период од македонската историја. Фактот што во склоп на истражувањата во македон-ската историографија влегуваат и оние посветени на случува-њата на целата македонска етногеографска територија, која по сила на историските околности била поделена помеѓу со-седните балкански држави, во што, несомнено, огромно учес-тво имале и европските и светските големи сили, само ја до-кажува комплексноста на македонското прашање како неис-црпна материја за проучување. Во однос на ваквата поставе-ност на работите, односно и покрај формирањето на македон-ската национална држава во рамките на новата балканска др-жава Федеративна Народна Република Југославија, процесите околу македонското прашање и македонската етногеограф-ска територија не само што не завршиле туку напротив, се про-јавиле во едно ново светло во контекст на актуелната светска, а со тоа и балканска реалност. Иако на прв поглед се чинело дека долгогодишниот македонски идеал за создавање обеди-нета македонска држава е на дофат, барем делумно, сепак по-литичките прилики го покажале спротивното. Имено, по за-вршувањето на Втората светска војна, добрососедските одно-си помеѓу ФНРЈ и отечественофронтовска Бугарија влевале огромна надеж за обединување на пиринскиот дел на Маке-донија со својата матица, односно со Народна Република Ма-кедонија, која го опфаќа вардарскиот дел на Македонија. Се-пак, по низата случувања што следуваат, а кои се проследува-ат во овој труд, се покажало дека таквите надежи засекогаш ќе згаснат , вели  Евгениј Литовски

 

00019 frame at 0m2s

Промотор на книгата на Евгениј Литовски, беше   Мишо Китановски, новинар, поет и публицист, кој рече дека авторот на оригинален начин ги расплетува круцијалните прашања кои се поставуваат за реализација пред македонскиот народ под Пирин како составен дел на културната автономија на Пиринска Македонија.

-Големиот писател и нобеловец Ернест Хемингвеј во својот епохален роман „Старецот и морето“ рече „Човек може да биде победен, но не и уништен“. Ве убедувам дека Македонците во Пиринска Македонија и во минатото и денес, Македонците во Бугарија можат да бидат победени со терор, закани и затвори, но не и уништени. Тоа е она што нив ги држави, но што не држии и нас, кои се обидуваме на ваков начин да се потсетиме дека постојат. Четири книги во 79 години во Република македонија се камен темелник за Македонците во Пиринска Макеоднија. Тоа се монографииите на Лазар Мојсов, на Димитар Митрев, на Васил Јотовски и нашиот млад историчар Евегниј Литовски, рече промоторот Мишо Китановки.

DSC 0776 1

Евгени Литовски е роден во 1996 година во Битола. Дипломираше на Институтот за национална историја на Филозофскиот факултет на УКИМ  во 2019 година, каде што и магистрираше во 2022. Се занимава со истражување и проучување на историјата на Македонија во периодот на  Втората светски војна и во првите години по формирањето на државата. Автор е на повеќе научни трудови,  изложби и  една книга.

00011 frame at 0m0s

 

 

Емилија Мисирлиевска

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани