АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Адвокатот Горан Дамевски од Битола, член на ПСК Пелистер, кој е дел од македонската експедиција на Хималаите, вчера во 8 часот и 57 минути по непалско време, го освои врвот Ајланд Пик висок 6189 метри. Овој подвиг на Дамевски следи по 12 дневно искачување , откако заедно со уште 11 членови на 13 октомври ја започнаа својата авантура и се упатија кон Катманду во Непал. Четири дена подоцна со авион полетаа кон аеродромот Лукла кој е на 2840 м.н.в, познат акако најопасниот аеродром во светот познат и како Портата на Еверест. По пристигнувањето во Лукла започна аклиматизацијата
1 den Phakding 2610m
2 den Namche Bazar 3440m
3 den Namche Bazar 3440m - Everest view point 3880m
4 den Tengboche 3860m
5 den Dingboche 4410 m
6 den Dingboche 4410m - Nangkartshang Peak 5100m
7 den Lobuche 4910m
8 den Gorak Shep 5140 -Everest base camp 5364m
9 den Kala Patthar 5550-Dingboche 4410 m
10 den Chukkung 4730m
11 den Island Peak base camp 5100m
На 28 октомври, ана 12 ден од искачувањето, во 12 часот на полноќ по непалско време од базниот камп на 5100 м.нв. започна искачувањето на Ајланд Пик. Првите 4 часа се искачуваа по сипар и карпи до 5800 м.н.в,а потоа започна глечерот. Качувањето беше со фиксирано јаже, а од 5800 до 6000 м.н.в теренот беше благ без големи косини, додека последните 200 метри пред врвот, наклонот е агол од 45 степени. Врвот висок 6189 м беше освоен во 8 часот и 57 минути по непалско време од страна на 8 лица меѓу кои и Горан Дамевски. Потоа следуваше спуштање на екипата кое одеше бавно поради големата гужва на фиксираните јажиња, па екипата се врати во Чукунг на 4730 м.н.в во 20 часот по непалско време. Се очекува, македонската експедиција да се врати во Македонија на 7 ноември.