2win800x200

Општината работи на проектите за гасификација и топлификација на Битола

Август 14, 2018

Општина Битола работи на усогласување на проектите за изградба на гасификација и топлификација  во Битола.  

-Во фаза на евалуација на доставените понуди од страна на ЕЛЕМ Скопје усно и писмено, Општина Битола  е информирана дека проектот топлификација на Битола е повторно актуелен.

 

Врз основа на доставената информација констатирано е дека, во проектната задача за гасификација треба да се земи предвид и топлификацијата на Битола од аспект на производство на топлина (когенерација) и изградба на двете дистрибутивни мрежи, гасификација и топлификација.

Моментало заедно со ЕЛЕМ, Општина Битола работи на усогласување на двата проекти, информираат од Општина Битола.

Лани во јуни ЕЛЕМ го објави тендерот за топлификација  во Битола. Во германските медиуми се бараше  инвеститор кој ќе ја гради трасата во должина од 12,6 километри.

Финансиската конструкција за проектот е 46 милиони евра, од кои 39 се кредит од КФВ банката, а останатите 7 од државните електрани.

Претходно во декември 2015 година, Собранието даде поддршка за Предлог – законот со кој се обезбедија средства за отпочнување на првата фаза од централниот топлификационен систем за снабдување со топлинска енергија на Општина Битола.

Што се однесува до гасификацијата од Општината информираат дека проектот за гасификацијата на Општина Битола предвидено е да се имплементира во 4 фази, во кои ќе бидат реализирани следните активности:

Првата фаза опфаќа: изработка на студии и анализи,

Втората фаза е фаза на изработка на проектна и тендерска документација

Во третата фаза ќе се изврши набавка на опрема, материјали и ќе започне изведбата, додека четвртата фаза е фаза во која ќе се изврши изработка на проекти, набавка на материјали, опрема и изведба.

Според планот и динамиката на реализација, првите две фази треба да завршат во првата половина на 2019. Во овој период ќе се формира и ЈП за гасификација.

Имплементацијата на фаза 3 ќе се реализира во втората половина на 2019 година.

Во 2020 интензивно ќе се гради дистрибутивната гасоводна мрежа, а првите количини на гас ќе протечат во првата  половина на годината. 

Во моментот, се работи на дополнување на проектната задача со студиите и анализите кои произлегуваат од проектот за топлификација на Битола, кој го води ЕЛЕМ.

-На овој начин, со координирани активности и синхронизирано делување на сите вклучени субјекти во реализацијата на овој проект, проектот за гасификација ќе биде успешно реализиран, а неговиот бенефит ќе биде како од финансиски аспект, така и од аспект на значително подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух, велат од Општина Битола.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани