АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Од денеска, 13 август, во Клиничката болница во Битола започнува пилот програмата со која магнетната резонанца работи 24 часа секој работен ден, поточно до полноќ со пацинети закажани преку „Мој термин“, а потоа со лица со приоритетни и болнички упати. За време на викендите магнетната резонанца ќе работи од 8 до 18 часот, а доколку има интерес и до 24 часот, соопштија од битолската болница.
-Магнетната резонанца при Клиничка болница Битола опфаќа пациенти од цела Македонија. Сигурни сме дека чекањето за снимање ќе се намали бидејки има интерес и до крајот на месецот сите термини се веќе закажани преку „мој термин“. Екипата во рентген службата е орагнизирана и ги очекуваме пациентите, велат од Клиничката болница-Битола.
Оваа пилот програма за работа на магнетната резонанца ја најави министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Клничката болница кон крајот на јули. Тој рече дека ваквите мерки се преземаат во интерес на пацинетите, со цел да се намалат листите на чекање.