2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Бојкот на наставниците во ООУ „Александар Турунџев“ Кукуречани, велат директорката не потпишува за плата, а Лазаревска демантира

Декември 18, 2023

Бојкотираат наставници  во ООУ „Александар Турунџев“ во село Кукуречани денеска, поради неисплатена плата и нарушени работна атмосфера во училиштето по враќањето на бившата директорка Бранка Лазаревска. Ситуацијата ескалирала кога наставниците побарале состанок и средба со директорката а таа повикала полиција. 

„Побаравме итна средба со директорката заради тоа што не потпишува плата, но таа наместо разумен разговор повика полиција. Полицијата ни кажа дека не е надлежна за оваа ситацијата и дека недоразбирањата треба да се решат преку Државен просветен инспекторат. Последната ситуација е само капка во преполната чаша која создаде револт кај најголем дел од наставниот кадар. Данеска наставната се  бојкотира во однос на содржите предвидени за тековниот ден но децата се згрижени. Бараме министерот за образование сам на лице место да ја увиди атмосферата во школото и да каже дали ова е грижата што ја покажуваат за воспитно образовниот процес. Ние како наставници не сакаме учениците  да трпат,  но по враќањето на бившата директорката таа ги стави личните над колективните интереси и ситацијата е далеку од нормална и работна во училиштето, изјавија наставници за Апла.мк, чии идентите е познат на редакцијата. 

Нема достапен опис.

Директорката Бранка Лазаревска за Апла.мк изјави дека не се точни обвинувата, односно  дека платата е потпишана .  

-Во петокот на 15.12.2023 година благајникот на училиштето Драгица Чаловска не ги  однесе налозите за исплата на платата во Трезорот и покрај тоа што имаше обврска да ја однеси.

Денес побарав од неа веднаш, уште во 8:00 да ги однеси налозите за плата  во трезорот, но лицето Никола Јовески насилно ги одзеде налозите  за исплата на плата. Откако побарав повторно да ги испечати налозите, Никола Јовески во присуство на секретарот, благајникот и психологот на училиштето изјави дека ќе го искрши компјутерот ако ја испечати наново платата. Бидејќи бев спречена во извршувањето на службената должност, повикав полиција да се овозможи повторно печатење на налозите за плата и нивна достава  до трезорот. Во присуство на полицијата повторно се изработи платата и е доставена е до трезорот во 9:00. Во текот на денешниот ден вработените во училиштето ќе земат плата, изјави Лазаревска 

 

Во ООУ „Александар Турунџев“ во Кукуречани речиси цела година наназад има турбуленции околу назначувањето на директор. По смената на власта, Лазаревска беше тргната од челната позиција и локалната власт си постави нов директор, но Министерството за образование  му ги одзеде ингеренциите на општина Битола и ја врати Лазаревска за директор пред десеттина дена, но дел од наставнциите со кои контактираше Апла.мк велат дека меѓуколегијалните односи во училиштето се крајно нарушени и го повикуваат министерот за образование сам да дојде на лице место и да се увери каква е работната атмосфера во училиштето.   

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани