2win800x200

Мразот ги искрши битолчани, 42 граѓани само утрово се повредиле одејќи за на работа

Јануари 22, 2024

БИТОЛА – Студот ја окова Битола, а утрово се измерени минус 18 степени, најстудено од почетокот на зимата. Мразот по дворовите и тротоарите на улиците е причина за зголемен број на прегледи и повреди на одделот за Ортопедија во Клиничката болница Битола. Од утрово до 10 часот лекарска грижа кај битолските ортопеди побарале 42 битолчани, а само сабајлево имало 3 хоспитализации.

Од Клиничката Болница Битола за nezavisen.mk изјавија дека поради повреди причинети од временските услови, скршеници и набиеници од лизгање на снегот и подмрзнатите дворови и пешачки патеки во овој период најчесто страдаат работоспособните битолчани. Кај еден лекар, ортопед , во една смена имало и до 92 прегледи.

А. Блажевска 

 

 

 

Целиот текст на nezavisen.mk.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани