2win800x200

Битола ќе добие нова обиколница, експресен пат за грчка граница и автопат за Прилеп

Септември 13, 2018

Битола ќе добие нова обиколница, експресен пат за грчка граница и до Прилеп ќе се патува по автопат, најави Зоран Китанов, директор на ЈП за државни патишта. При денешната посета на Пелагонија, тој најави големи инфаструктурни зафати во Битолскиот Регион.

 

Најдоцна за месец и половина ќе заврши рехабилитацијата на старата обиколница, како што Китанов ја нарече делницата од Прилеп за Ресен која минува над Битола. За заштита на населението кое живее крај патот ќе бидат поставени звучни бариери.

Во моментот сега се прави рехабилитација на старата обиколница, која за месец до месец и пол да биде завршена и конечно тој запуштен дел обиколница ќе биде ослободен. Со дел од населението каде имаме и непријатни глетки, ќе бидат поставени звучни бариери за заштита од бучавата и за безбедност од сообраќајот“, рече Китанов.

Во меѓувреме објавен е тендер за проектирање на експресен пат од Битола до Меџитлија со ширина од 11,5 метри, две возни ленти од по 3,5 метри и една лента за запирање од 2,5 метри кон Меџитлија, како и нова обиколница.

„Ќе има и тендер за многу сериозен зафат, а тоа е автопат од Прилеп до Битола што ќе се поврзи заедно со експресниот пат кој се гради од Дреново до Фаришка Клисура. Пред два месеца го отпочнавме инстраструктурниот зафат Градско -Дреново што значи од Градско до Прилеп ќе се вози по експресен пат, рок на завршување две години, а во меѓувреме ќе почне да се гради автопат, а за да не настане застој во сообраќајот прво ќе се гради едната делница , па другата“, рече директорот.

Со овие зафати не само што од Битола побрзо ќе се патува за Грција, туку и побрзо ќе се стигнува до Скопје. .41701047 2197915577151232 8563460065695105024 n

-Од денешната посета на министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски (десно) и директорт на ЈП за државни патишта Зоран Китанов(лево) на општина Могила. Со нив е и градоначалничката Јасмина Гулевска. 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани