2win800x200

Професорот Филип Поповски едногласно е избран за претседател на Сенатот на Битолскиот универзитетот

Август 30, 2024
Филип Поповски Филип Поповски

Проф. д-р Филип Поповски, вонреден професор од Техничкиот факултет – Битола, едногласно е избран за претседател на Сенатот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Постапката за избор на нов претседател на Сенатот ја спроведе Изборна комисија, со тајно гласање, на 226. Седница, во согласност со законската и статутарна процедура, по престанок на мандатот на досегашниот претседател, проф. д-р Николче  Јанкуловски, по неговото именување на функцијата заменик министер во Министерството за финансии.

Мандатот на новиот претседател на Универзитетскиот сенат е до 29.11.2024 г. Заблагодарувајќи се за поддршката, претседателот на Сенатот, професорот Филип Поповски ја истакна определбата да продолжи успешното работење на Универзитетот и јакнење на севкупните капацитети.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани