АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Активностите за обнова на Планинарскиод дом „Копанки“ се одвиваат со забрзано темпо, велат од Општина Битола за АПЛА. Во моментот се завршуваат активностите од првата фаза која предвидуваше расчистување на теренот и припрема за градење до карабина.
„Завршена е бетонската конструкција и се работи на кровната конструкција, која планирано е да биде финализирана до крајот на оваа недела, по што ќе продолжат ѕидарските работи, кои ќе започнат од кровната конструкција, така што кровот ќе се покрие со специјална фолија, а зависно од временските услови планирано е целосно покривање на кровот со лимен покрив“, се вели во информацијата од општината.
Од таму нагласуваат дека „Планинарскиот дом „Копанки“ е особено значаен објект за сите битолчани, како и за развој на туризмот, поради што локалната самоуправа, во изминатите 3 години овозможува голема поддршка за реализација на овој проект, завршување на обновата и ставање во функција на објектот.“
Фото и текст А.Блажевска