АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
На мака е советникот Иван Чулакоски ги „меша“ Сузана Гавазова со Зуица Лазова, која патем ќе ги забавува битолчани за новогодишната ноќ пред Офицерски дом во Битола.
Чулакоски со прилично емотивен набој и манифестација со рацете, на говорница зборуваше за развојот на туризмот на градот и парите што се трошат за „Зимската приказна“, организирана од Општина Битола, па еднаш кажа - „не можи, не можи појќе, завршва, ова година заврша тука приказната“, а веднаш потоа „убо е ставарно“.
„Да убо е стварно, ама не можи ние да ги трошиме сите пари за развој на туризмот за цела година за седум дена - Сузана Гавазова да извините! И кој беше уште еден и Зуица Лазова? Се смеевме со Наташа (Петровска) со овие, со како се викаја - со „Силви бенд“. Сега Зуица Лазова и Сузана Спасовска ги имаме, небаре во Австралија дочек ќе прајме во некоја црква, во дијаспората!“, рече Чулакоски, додека зад него се смешка претседателката на Советот Габриела Илиевска и си ја покрива устата со раката.
А.Блажевска