
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Дел од улиците во Битола попладнево, во текот на вечерта и преку ноќта ќе бидат дополнително исчистени, како коловозот така и тротоарите откако градоначалникот Тони Коњановски детектирал критични точки. Според Коњановски дел од улиците се: „Илинденска“, „Јане Сандански“, „Кирил Пејчиновиќ“, „7ми Јули“, населбите „Баир“ и „Црн Мост“, „Бела Чешма“ во правец кон ООУ „Тодор Ангелевски“ , „Ушици“, „Стрежевска населба“, „Стрчин“, патот за Лавци, „Стрелиште“...и др.
-Попладнево повторно бев на терен со зимската служба. Во обиколката која ја направив детектирани се критични точки кои повторно треба да бидат третирани од Зимската служба. Во комуникацијата која ја направив со надлежните од Зимската служба дадов насоки повторно да биде интервенирано на деловите кои се критични. Екипите на зимската служба ќе продолжат непречено да работат и во текот на целата ноќ, објави градоначланикот Тони Коњановски.