2win800x200

По две децении ќе се обноват спортските игралишта во ОУ „Даме Груев“ -Битола

Февруари 21, 2025
Спортските игралишта во ОУ „Даме Груев“ во Битола, ќе добијат комплетно нов лик. Подлогата на овие спортски игралишта не е обновена повеќе од 20 години, со видливи оштетувања на асфалтот, кои ги отежнуваат училишните спортски активности на учениците.
Градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, денес на терен од стручните служби беше запознат со идејните решенија за новите спортски игралишта во ова училиште.
Според проектната документација, новата постоечка асфалтна подлога ќе биде заменета со нов, модерен материјал, погоден за спортските активности на учениците. Паралелно со тоа, ќе се изврши и проширување на димензиите на постоечките игралишта, кои ќе овозможат и официјални школски спортски натпревари. Во училишниот двор ќе бидат сместени игралиштата за фудбал и ракомет, тенис, кошарка, одбојка, баскет, а ќе има и дополнителна фитнес зона. Во состав на училишниот двор предвидена е и училница на отворено, со клупи за седење и можност за оджување на настава во дворот.
481452192 663021959414022 5841886337104889143 n
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани