
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Познатиот битолски хирург М.С (64) признал дека примил поткуп од пациентка и добил условна казна на судењето во Основен суд Битола. Основното јавно обвинителство од Битола не било задоволно од одлуката на судот и поднело жалба на пресудата.
Ос судот во Битола за „АПЛА“ официјално изјавија
Од Основниот суд Битола на прашање на „АПЛА“ за пресудата за лекарот изјавија дека -„Кривичниот предмет поведен против лицето М.С донесена е пресуда по признание на вина, а на обвинетиот му е изречена алтернативна мерка - условна осуда, казна затвор во траење од 1 (една) година со рок на проверување од 4 (четири) години. Против вака донесената пресуда, ОЈО Битола поднесе навремена жалба и предметот ќе оди на второстепен суд, Апелационен суд Битола, кој одлучува во втор степен по жалби.
Мерката притвор против обвинетиот е укината, со оглед на тоа дека не постојат повеќе причини поради кои истата беше изречена. Односно на обвинетиот со пресудата му е изречена алтернативна мерка, условна осуда. Не е изречена ефективна казна затвор“, стои во образложението на Основен суд Битола испратено до АПЛА.мк
Основното јавно обвинителство се жали на ваквата пресуда, предметот е пред Апелација.
„Жалбата поднесена од ОЈО Битола во овој случај е за висината на изречената санкција, сметавме дека санкцијата не е правилно одмерена согласно одредбите од кривичниот законик“, изјавија од ОЈО Битола за „АПЛА“.
Инаку како што е познато, на 28 јануари годинава хирургот беше пријавен во полиција од семејство од битолско, дека за операција на жолчно ќесе врз повозрасна пациентка побарал 150 евра за наводно да се „почести“.
А. Блажевска