2win800x200

И Габриела Илиевска гласаше за одлуките за депонијата, а вечерва ги повика битолчани - „За да не ве трујат со нарачани вести, информирајте се, па после плукајте на социјалните мрежи!“ 

Март 06, 2025
фото Тв 24 фото Тв 24

 

„Денес кажавме дека никој не планира ова да го оспори, или да не го гласа, меѓутоа да бидеме сите упатени во она што се работи... Кажавте дека е почнато во 2015, треба да знаеме кога е крајниот рок за реализација“, рече меѓудругото Илиевска на седницата на Советот, минатиот петокот, кога од страна на советниците беа едногласно прифатени одлуките за утврдување на предлог за воспоставување на меѓуопштинска соработка помеѓу 18 општините југозападниот регион  како и едногласно носењето на одлука за формирање на заедничка комисија за основање на зедничко јавно претпријатие за регионално управување со отпад меѓу 18 општини- Новаци, Битола, Прилеп, Крушево, Долнени, Могила, Кривогаштани, Битола, Демир Хисар, Ресен, Охрид, Струга, Кичево, Дебар, Пласница, Центар Жупа, Вевчани, Дебарца и Македонски Брод. 

Советот едногласно гласаше и за предлогот на Илиевска за 15 дена да се закаже јавна расправа од страна на Комисијата за животна средина. 

Вечерва Габриела Илиевска, претседател на Советот на Општина Битола од независната Поинаку, на Фејсбук профилот по бурните реакции на јавноста на социјалните мрежи околу одлуките за регионалната депонија во Новаци, повика со зборовите - „За да не ве трујат со нарачани вести, информирајте се, па после плукајте на социјалните мрежи!“  

Илиевска постави линк од седницата на Советот  и меѓудругото на Фејсбук напиша: 

„На мое барање во рок од 15 дена ТРЕБА ДА СЕ ОДРЖИ ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ДЕПОНИЈАТА! *Еве чекаме и ние Комисијата за животна средина да ја закажи расправата, а треба најдоцна до 15 Март! * На истата ги повикувам сите граѓани да дојдат и да слушнат за што се работи!“ повика таа.  

 

 

 

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани