2win800x200

Под раководство на д-р Ненси Лозанче - Во Битолската болница 2.500 пациенти третирани во отсекот за интервентна кардиологија

Март 14, 2025
Битолска болница - интервентна кардиологија под раководство на д-р Ненси Лозанче Битолска болница - интервентна кардиологија под раководство на д-р Ненси Лозанче

                Во Отсекот за интервентна кардиологија во Клиничката болница во Битола, досега се третирани 2.500 пациенти од Битола и Преспанско-пелагонискиот регион. Оваа бројка е особено значајна, со оглед на тоа што  во изминатиот период, заради дефект на стариот ангиограф,  од јануари 2019 година до август 2024 година,  не беа третирани пациентите во оваа болница. Отсекот повторно продолжи  со работа  изминатата година со вклучување во функција на новиот ангиограф, со што Клиничката болница Битола  повторно ги има сите предуслови за инвазивна и интервентна кардиологија. Од 2024 година , битолската болница работи со еден од најновите модели на ангиограф од марката „Филипс“, донација од Светска банка.  Во Отсекот за инвазивна и интервентна  кардиологија  во Битола работат двајца специјалисти, д-р Ненси Лозанче, субспецијалист по интервентна кардиологија, сертифицирана за самостојно извршување на интервентни и инвaзивни процедури, воедно и директор на Битолската болница, како и д-р Емилиа Паришко, специјалист кардиолог со референтна обука на Клиника за Кардиологија во Скопје за работа во ангиографска сала, со тим од четири  медицински сестри, обучени во оваа област. Целиот битолски тим е со стручна обука во Универзитетската клиника за кардиологија, уште од 2010 год, под раководство на професорот Сашко Кедев, центар  каде се обучуваат кадри не само од државата, туку од Европа, па и пошироко. 

IMG 266f118e0dd04039152c0856a53785e4 V

(д-р Ненси Лозанче и д-р Емилиа Паришко) 

 

     -Да, бројката претставува јубилеј, но многу позначајно е кога означува бројка на спасени животи од Битола и околниот регион. Во почетокот, беше навистина тешко, поради малиот број на персонал, вклучен во работата во ангиосала, но во исто време и предизвик, со оглед на значењето на успешно завршена интервенција и уште еден спасен живот. Во овој момент, секако, од големо значење е и вклучувањето на Др. Емилиа Паришко, која како млад ентузијаст, успешно се вклопи во целата ‘приказна’. Од почетокот, во тимот имавме и двајца млади рендген техничари, но, за жал, истите станаа дел од готовиот кадар за европските земји, изјави д-р Лозанче за АПЛА. 

 

IMG 17d90f9ec1af5f5f6d682bc7010fba19 V

 

Според  д-р Лозанче, на отсекот за Интервентна кардиологија во Битола, во овој момент  недостасува единствено рендген техничар за оваа област, проблем што ќе биде надминат со новите вработувања кои се планираат во Клиничка болница Битола.

 

IMG 145ccd4b338512dba4d8922f2cb7e70e V

 

Битолската болница првиот ангиограф го доби во 2012 година, кога беше опремена и салата за интервентна кардиологија како дел од проектот на тогашната Влада на ВМРО - ДПМНЕ  за набавка на нова медицинска опрема во здравствените установи низ државата. Целта беше да се надмине горливиот проблем на овој регион поради недостигот на служба за третман на пациентите со акутен миокарден  инфаркт, во услови кога се уште морталитетот од кардиоваскуларни заболувања е на прво место.  Така се овозможи пациентите со срцеви удари во најкритичните моменти од животот да не мора да се транспортираат во Скопје и Охрид.  Битола доби нов концепт во организација на здравството и третманот на пациентите со срцеви заболувања.

IMG ca32faee3bfd91d89dc88a715dcba330 V

 (тимот медицински сестри) 

 

  -Кога во болница ќе биде донесен пациент со акутен моикарден инфаркт, тој е најтешкиот пациент во болницата и од огромно  значење е навремена интервенција во ангиосала, водејќи се од правилото ‘ВРЕМЕТО Е МУСКУЛ’, што значи, доколку пациентот е навреме сработен во сала, последиците од оваа навистина честа и тешка состојба, значително би биле превенирани. Поаѓајќи од ова, неизмерно е задоволството на екипата, со секоја успешна интервенција. Во нашата ангиосала, најмладиот пациент беше на возраст од  дваесет и девет  години а најстариот на осумдесет и пет години, вели д-р Лозанче.

IMG e8cd95d800a2bdeb40f5cdf5eee4be95 V 1

 

Отсекот за инвазивна и интервентна кардиологија, кој работи 24/7,  во последниот период го покрива целиот западен регион на Македонија вклучувајќи ги пациентите од Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Демир Хисар и останатите градови со оглед на тоа дека ангиографот во центарот во Охрид беше надвор од употреба.

IMG 3832bef457c018a7a6053d6d44ddddd9 V

 

 

А.Блажевска

 

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани