АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Најголема излезност на гласањето за референдум е забележана на гласачките места во месностите Градчето Пејтон, Стевче Патако, училиштето „Кирил и Методиј“ и кај Гроздот, а од селата во Лера, покажуваат резултатите на ДИК. Најмала излезност има во селото Ново Змирнево, Драгош, Ѓавато и Габалавци.
Според резултатите од гласањето до 18,30 часот, најголема излезност е забалежана во централното градско јадро на Битола. Предничи гласачкото место 59-ката во улилиштето „Кирил и Методиј“ каде на гласале 48,55 проценти од гласачите.
Второ е гласачкото место 76 во месната заедница „Вељко Влаховиќ“ на улица „Питу Гули“ во Градчето Пејтон каде гласот го дале 47,76 проценти од гласачите, поточно од 580 гласачи на избирачкиот список гласале 277.
На трето место 57-ката во месна заедница „Блаже Рогозинаро“ на улица „Димитар Илиевски Мурато“ каде гласале 44,94 проценти од 563 гласачи, односно на гласање излегле 253.
Солидна излезност е констатирана и на други гласачки места во месна заедница „Стевче Патако“ како што се гласачките места 77 со 37,89 проценти излезност и 75 во Градчето Пејтон, месна заедница „Вељко Влаховиќ“ со 42,17 проценти.
Од селата најголема излезност има во Лера каде гласале 54,63 проценти од гласачите.
Најмал одзив има во село Ново Змирнево каде од 36 гласачи, гласал само еден. Па, во Драгош гласале само двајца, во Ѓавато петмина, Габалавци шест, Лисолај 19.