АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Старите азбестно- цементни цевки на водоводната мрежа на улицата „Климент Охридски“ во Битола се заменуваат со нови полипропилентски цевки, по што комплетно се менува водоводна инстраструктура со приклучоците.
-Динамиката на промена на азбестно-цементни и гусени цевки со нови еколошки полипропилентски е добра и се движи согласно планот за работа на Општина Битола . Првиот дел на улицата „Климент Охридски“ од приклучокот кај улицата „Партизантска“ до улицата „Питу Гули“ е завршен пред пет дена и на него се извршуваат припреми за асфалтирање. Така што најдоцна до четврток нашата работа како ЈКП „Водовод“ ќе биде комплетно завршена, вели директорот на ЈКП „Водовод“ Битола, Горан Козаров.
Реконструкцијата на улицата „Климент Охридски“ на потегот од семафорите со улицата „Партизанска“ до крстосницата со улицата „Солунска“ започна на 4 септември, со целосна замена на канализационата и водоводната мрежа, а потоа и коловозот кој ќе биде преасфалтиран.
Зафатот ќе чини 10 милиони денари.
Останатиот дел од улицата „Климент Охридски“ ќе биде реконструиран во следниот период кога ќе се работи на Пречистителната станица. Така што дел од улицата „Солунска“ до „Леринска“ ќе биде опфатен со Пречистителната станица и ќе има корекции во основниот проект во однос на дијаметарот на канализационата цевка.