2win800x200

Општина Битола ги објави ДОБИТНИЦИТЕ НА НАДОМЕСТОК ЗА ИНВЕРТЕР КЛИМА

Мај 28, 2025
Согласно објавениот јавен повик за надоместување на дел од трошоците на граѓаните на подрачјето на Општина Битола за набавка на инвертер клима уреди за 2025 година, Комисијата задолжена за разгледување на доставените апликации, изготви прелиминарна листа на добитници, кои ги исполнуваат условите до исцрпување на износот наведен во точка 3.1 од повикот, односно во вкупен износ од 3.000.000 денари, вклучувајќи го и персоналниот данок на личен доход од 11,111%.
Вкупниот број на потенцијални добитници изнесува 134 од вкупно поднесени 575 апликации.
Незадоволните апликанти имаат право да поднесат приговор (во хартиена форма) до приемните шалтери во Општина Битола со назнака „Приговор по јавен повик за надоместување на дел од трошоците за набавка на инвертер клима уреди за 2025 година“ во рок од 3 дена, односно заклучно со 02.06.2025 понеделник до 15:00 часот.
Пристигнатите приговори ќе бидат разгледани во рок од 3 дена по завршување на рокот за поднесување на приговори, по што Комисијата за разгледување и одлучување по апликациите ќе изготви конечна листа која ќе биде објавена на веб страната на Општина Битола.
листа 1
листа 2
Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани