
АПЛА.MK Преземањето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Десет лекари од приватните специјализанти се вработуваат во Клиничката болница Битола.
Младите лекари на кои Владата на Република Македонија им даде вистинска шанса да ја започнат својата професионална кариера дома – во служба на здравјето на граѓаните имаа средба со директорката д-р. Ненси Лозанче.
- Денес во Клиничка болница - Битола им посакавме срдечно добредојде на нашите нови колеги – приватните специјализанти кои по успешно завршениот конкурс сега стануваат дел од нашиот тим! Ова е уште еден чекор кон зајакнување на јавниот здравствен систем и кон обезбедување поквалитетна и подостапна здравствена услуга за сите. Клиничка болница - Битола активно работи на тоа да ги задржи младите кадри и да создаде услови во кои тие ќе се развиваат, ќе напредуваат и ќе останат да ги лекуваат нашите граѓани тука, во својот град и татковина, изјави директорката на Клиничка болница Битола, д-р Ненси Лозанче.
А.Б