2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Со пари од државниот Буџет ќе се враќаат натрупаните долгови на општините

Октомври 14, 2018

Натрупаните долгови на општините во областа на образованието, културата и социјалната заштита ќе се враќаат со пари од државната каса. Ваква одлука донесе синоќа Владата на седница на која беше усвоен предлог Ребалансот на Буџетот на РМ за 2018 година. Со ова,  најголема алокација на средства со Ребалансот,  има токму за општините, за кои се обезбедува финансиска поддршка  во висина од 3,020 милијарди денари, односно 50 милиони евра, со цел намалување на доспеаните, а неплатени обврски. 

Министерот за финансии, Драган Тевдовски, на денешната прес конференција рече дека начинот на реализацијата на финансиската поддршка на општините ќе биде утврдена со закон. Исто така, со закон ќе се постави механизам за спречување на можноста за трупање на неплатени обврски во општините.  Законите се во финална фаза на изработка, а ќе бидат доставени до Собранието доколку на пленарната седница биде изгласан почетокот на постапката на уставните промени. Во спротивно, ќе се распишат предвремени парламентарни избори и овој Ребаланс на буџетот нема да може да биде усвоен од страна на Собранието на Република Македонија.

-Јас би сакал да потенцирам дека во моментов постои можност да им се помогне на општините. А, доколку дојде до неприфаќање на почеток на постапката за уставни промени и се распишат предвремени парламентарни избори, таквата можност ќе се изгуби бидејќи Ребалансот нема да биде на сила, а во предлог Буџетот за 2019 година, кој е во фаза на изработка, не постои фискален простор за финансиска поддршка на општините, рече Тевдовски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани