Енормно високите кирии на најамбиенталната улица е најверојатно една од причините што ги натера сопствениците да се откажат од овој бизнис, иако битолчани се надалеку познати по традицонланото кафе пиење на Широк Сокак, без оглед дали е делник или празник, дали е во работно време или не, дали е зима или лето.
Битолчани се погласно се прашуваат дали покрај исклучително високите закупнини, причина за затворање на кафулињата е и бранот на иселување што го зафати градот, па тоа се одразува и на намалениот број гости во угостителските објекти.
Наспроти кафулињата кои ставија катенец, на главната битолска улица, утре ќе се отвори специјализирана продавница за книги, откако пред три години, затвори единствената книжарница во Битола. Дали и колку битолчани ќе купуваат книги, ќе покаже времето.
Очигледно, сé повеќе се менува структурата на дуќаните на Широк Сокак, па во моментот приматот го имаат кладилниците, потоа казината и бутиците, каде што најмногубројни гости и муштерии се грчките државјани.











