2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

Започна унифицирањето на оградите пред кафулињата на Широк Сокак

Ноември 17, 2018

Започна унифицирањето на оградениот простор пред кафулињата на Широк Сокак. Одлуката што ја донесе Советот на Општина Битола за унифицирана ограда пред кафулињата е во сила, а надлежните се надеваат дека сопствениците на локалите ќе ја почитуваат.

Деновиве две кафулиња на Широк Сокак поставија огради кои наликуваат на пропишаните услови од одлуката, односно се малинесто зелени со рамки со валкано бела боја.

 

Според пропишаните услови оградата треба да е висока 1,80 метри, половината од метал, а горниот дел  стакло.  Металаниот дел да биде  обоен со две бои, зелена маслинеста и рамка во валкано бела боја. Металната ограда задолжително треба да биде поставена на дрвена платформа со минимална височина од 15 сантиметри  со цел да не се уништуваат плочите на Широк Сокак.

Оградата е отворена во горниот дел, но со оглед дека сите кафулиња имаат тенди, во првата фаза од унифицирањето нема да  се бара од сопствениците да ги отстранат,  но откако ќе бидат поставени оградите, во следна фаза ќе се разговара и за унифицирање на настрешниците, кои сега се нелегално поставени.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани