2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Протестот организиран од советничката група на „Поинаку“ е апсурден, лицемерен и служи за политички публицитет на организаторот, рече Методија Илиевски од СДСМ

Декември 06, 2018

Протестот  организиран од советничката група на „Поинаку“ е апсурден, лицемерен и единствено служи за политички публицитет на организаторот, обвини Методија Илиевски,

советник на СДСМ и координатор на советничката група на денешната прес-конференција, откако вчера Советот на Општина Битола донесе предлог  да побара од Владата на првата следна седница Битола да добие субвенционирана цена на струјата поради загадувањето што го трпи од РЕК-Битола. Илиевски обвинува дека советниците од „Поинаку“ ја злоупотребиле по кој знае којпат советничката говорница за лични и политички промовирања  без да кажат кои се нивните конкретни барања со предлогот, ниту доставиле било какви издржани анализи и пресметки.

-Од самото доаѓање на новата локална самоуправа, заложбата за транспарентност и отвореност за дијалог е наш приоритет, заради тоа секаков повик за протест е апсурден, лицемерен и единствено служи за политички публицитет на организаторот. Загадувањето не настана преку ноќ, тоа е многу посериозен и покомплексен проблем од тоа што некој сака да го прикаже. На здравјето на граѓаните не се добиваат политички поени . Ние остануваме посветени и истрајни до реализација на крајната цел, а тоа е решавање на овој проблем, рече на денешната прес-конференција Илиевски потенцирајќи дека Општина Битола за наредната година ќе издвои доволно средства за оваа проблематика, да се детектираат потенцијалните и реални загадувачи .

Советникот Илиевски вели дека заклучокот донесен вчера на седница на Совет  е компромис во кој се бара од Владата на РМ да ги испита сите законски можности за субвенционирана цена на струјата за жителите на Општина Битола.

-Здравјето на битолчани било и ќе биде на прво место за СДСМ . Кога никој немаше слух ние на 4ти Јануари 2014година први укажавме на сериозноста на овој проблем со кој се соочува Општина Битола. За нештата да бидат појасни дозволете да го демистифицираме заклучокот кој вчера едногласно го донесе советот на Општина Битола. Апсолутна невистина е дека беше прифатен предлогот на„Поинаку“ кој беше нереален и несоодветен. Вистината е дека заклучокот е компромис во кој се бара од Владата на РМ да ги испита сите законски можности за субвенционирана цена на струјата за жителите на Општина Битола, но за жал тоа нема да го реши проблемот со загадениот воздух, напоменува Илиевски.

Советникот додава дека како одговорна и посветена власт на централно и локално ниво само во последната година АД ЕЛЕМ заедно со Општина Битола вложија над 45 милиони денари за подобрување на амбиенталниот воздух и животната средина во овој регион.

-Свесни за загаденоста на воздухот во наредниот период Опшина Битола заедно со Владата на РМ преку АД ЕЛЕМ ќе реализираат низа проекти и мерки. Само во 2018 година средствата кои се издвоени за заштита на животната средина и подобрување на амбиенталниот воздух се поголеми од вкупно вложените во изминатиот 12 годишен - мандат од претходната власт, напомена Илиевски.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани