2win800x200

Раскинат договорот за улицата „Климент Охридски“, изведувачот за година и седум месеци не успеа да ја реконструира

Февруари 06, 2019

Општина Битола му испрати известување на изведувачот МС КОНСТРУКТОР ДООЕЛ Битола дека му го раскинува договорот за реконструкција на коловоз и тротоари на улицата „Климент Охридски“.

Во известувањето за раскин на договорот од страна на Општината, се наведува дека оваа мерка е превземена откако се пречекорени сите рокови за изведување на работите, предвидени во член 14 од Договорот за јавна набавка на работи склучен на 06.06.2017 година.

 

Од Општината велат дека пречекорувањето е утврдено од месечниот извештај и вториот вонреден извештај за технички надзор од страна на Надзорниот орган. Во известувањето стои дека Општина Битола ќе ги превземе сите права и обврски кои што произлегуваат по раскинувањето на овој договор.

Поради пробивањето на роковите за реконструкција на оваа значајна сообраќајница во Битола, Општината неколку месеци беше критикувана на социјалните мрежи. Според Бирото за јавни набваки, договорот бил склучен на шести јуни 2017 година, па излегува дека за една година и седум месеци не успеале да ја реконструираат улициата. Истата оваа компанија се споменува како еден од изведувачите на проекти што беа реализирани во времето на претходната власт, како старскиот дом „Сју Рајдер“, па и за партерното уредување на киното „Манаки“.

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани