2win800x200

×

Предупредување

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 801

JUser: :_load: Неможно вчитување корисник со ID: 802

Со набавка на нова механизација и опрема ЈП „Водовод“ ги подобрува услугите за граѓаните

Февруари 07, 2019

Со набавка на нова механизација и опрема, ЈП „Водовод“ ги подобрува условите за работа за вработените, но и за одржување на водоводната мрежа во градот и руралните средини.

Од таму најавуваат активности во текот на годинава, кои се дел од програмата за работа на претпријатието, а, велат екипирани се и за други проекти, кои би се финансирале со поддршка на централната власт, како и со средства од европските фондови. Денеска во стопаснкиот двор на ЈП „Водовод“ директорот Горан Козаров, пред градоначалничката Наташа Петровска ги претстави набавените машини и друга опрема, но и следните активности за годинава..


-Набавивме нова баждарница минатата година, потоа ново комбе за транспорт на работниците, нов мини багер за одржување на приградската водоводна мрежа, филтерска песок, отворивме нов наплатен центар во управната згарда. Со градоначалничката и на оваа средба, ги разгледваме плановите за работа и кои проекти ќе ги реализраме наредниот период. Ги придвижуваме работите и ветуваме дека во наредниот период ќе продолжиме да ги подобруваме условите за работа на вработените, но исто така, ги подобруваме услугите за граѓаните. Покрај тековните инвестиции и редовни набавки за функционирањето на ЈП „Водовод“, овие набавки за подобрување на условите се околу 22 милиони денари од сопствени средства. Планираме 4 до 5 проекти кои ќе ги работиме заеднички со средства на ЈП „Водовод“ и Општина Битола, а исто така, подготвени сме со повеќе екипи да работиме и проекти од средства што ќе ги издејствуваме од Министерството за транспорт и врски, но и од европските фондови, рече Горан Козаров, директор на ЈП “Водовод“-Битола. 


Во наредниот период ќе продолжи и промената на азбестните цевки во водоводната мрежа.


- Пред неколку години имаше околу 20 километри, континуирано се работи на нивна промена, сега има останато 11 километри азбестни цевки. Една од најголемите улици во централното градско подрачје „Стив Наумов“, има најголема должина на азбестни цевки, за оваа улица веќе имаме градежна дозвола, а треба да добиеме дозвола и средства за реконструкција. Во тек е подготовка на тој проект, со кој ќе бидат промениети азбестните цевки, со што ќе останат уште 3000 метри од овие азбестни цевки низ градот, вели Козаров. 


Градоначалничката Петровкса вели дека ЈП „Водовод“ е пример како може со домаќинско работење да се заштедат средства и за обнова на механизацијата, 


-Покрај секојдневните активности што ги има ЈП „Водовод“ и кои се обврзани да ги извршуваат, смогнале сили во изминатиот период дел од средствата да ги насочат за набавка машини и апарати кои то се важни за работењето на претпријатието. Сето ова покажува дека постојат повеќе начини начини како да го покажете домаќинското работење и да создадете можности за заштеда на средства кои би биле наменети за подобрување на услугите на граѓаните, вели Петровска.

После големата потрошувачка на вода за време на поларниот студ што минатиот месец ја зафати Битола, од ЈП „Водовод“ велат дека состојбата се нормализира. Нивните екипи се соочиле со голем број дефекти во водоводната мрежа, предизвикани од ниските температури, а подговтевни се и за новиот студен бран што се најавува.

51332158 391945164902247 6113526323949338624 n

52051024 2265817227022298 4634005674974511104 n

51304233 419013218857595 8063415989997404160 n

51308410 581594125641749 1814285273496813568 n

51308432 368876290330883 8312802454290825216 n

52043095 245995562945262 8101479785470885888 n

Сподели

Login to your account

Username *
Password *
Remember Me
© 2021 АПЛА.мк. Сите права се задржани